Меѓународна акција

Чулев: Приведени четири лица за запленетиот кокаин во Крушопек

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Еден килограм запленет кокаин кој бил дел од многу голема количина дрога чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање на финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, истрага за евентуална вмешаност на други физички и правни лица, засега се резултатите од вчерашната акција на полицијата во селото Крушопек во скопски Сарај.

Ова денеска на прес-конференција го изнесе министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој не сакаше да каже за колкава количина на дрога станува збор, со оглед на тоа што некои медиуми излегоа со написи дека вкупно пратката содржела 1,3 тони кокаин, нагласувајќи дека во моментот во интерес на истрагата не може да кажува официјално такви податоци, но напомена дека станува збор за „многу, многу голема количина“.

Тој истакна дека дрогата била по потекло од Колумбија, а кокаинот е пронајден во магацин за овошје на правното лице Банекс компани ДООЕЛ.

Операцијата се спроведувала од 17 до 19 февруари, а до доцна синоќа Единицата за специјални операции вршела претреси во магацинот на Банекс компани ДООЕЛ, која во 120 наврати извршила увоз на овошје во најголем дел од Колумбија, а во помал обем и од Еквадор.

-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен организиран криминал, Единицата за недозволена трговија со дрога во период од 17 до 19 февруари 2020 година во координација со јавен обвинител  од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамки на меѓународна полициска соработка во која беа вклучени повеќе земји реализираше акција за недозволена трговија со дрога, при што во скопското село Крушопек беше запленет еден килограм кокаин, кои се само дел од поголема количина, која треба да заврши во нашата држава, рече Чулчев.

Околу девет часот синоќа на граничниот премин Ќафасан – Струга е евидентирано товарно моторното возило Ивеко влекач и приколка, управувано од 31-годишниот Ј.К. државјанин на Црна Гора, кој по завршувањето на царинските формалости се упатил во Крушопек.

Полицијата по претходно обезбедена судска наредба извршила претрес во магацинот за овојше и во моментот на пристигнувањето на камионот таму бил Ј.Е. (22) син на сопственикот на правното лице, кое е краен примач на стоката и Р.И. (51) , кој бил вработен во магацинот и вршел истовар на робата. Четириесет и седум годишниот сопственик С.Е. од Скопје во меѓувреме исто така пристигнал во правното лице. Сите тие се лишени од слобода и се во полициска станица, а денеска ќе бидат изведен пред судија на претходна постапка.

-При извршениот детален претрес во еден од пакетите било пронајдено правоагаолно пакување со бела прашкаста материја, кое била залепена со зелена трака, рече Чулев и додаде дека во операцијата се одземени мобилни телефони, околу три илјади евра, 700 долари и 188 илјади денари, Ивеко товарно возило, заедно со 98 пакети банани, документација, технички уреди, рече Чулев.

Нагласи дека деновиве МВР ќе преземе опсежни мерки за известување на земјите низ кои поминал транспортот, а освен меѓународни активности МВР ќе преземе и активности за останатите физички и правни лица кои евентуално се во корелација со ова правно лице. Тој додаде дека во текот на денот ќе има и финансиска истрага кон правното лице.

Операцијата, повтори Чулев е меѓународна, но тој не сакаше да споменува конкретни држави кои се вкчучени во операцијата заради заштита на истрагата. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе