Чулев: Управен суд ја поништи одлуката на Влада за 88 распоредувања во МВР

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска преку соопштение информира дека Управниот суд на седница одржана на 7 мај годинава донесе пресуда со која неговата тужба се усвојува, а Одлуката на Влада со која се поништуваат решенија за распоредување на работно место се поништува.

Тужбата на министерот Чулев се однесува на одлука на Владата донесена на почетокот на февруари, со која беа поништени вкупно 88 решенија за распоредување донесени од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Со вака донесената пресуда од страна на Управниот суд се потврдува дека предметните решенија за распоредување донесени од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев биле законски и биле донесени врз основа на законски утврденото право на министерот пропишано во Законот за изменување и дополнување на законот за влада, а притоа во целост се применети законските одредби кои ја регулираат предметната материја пропишни во Законот за внатрешни работи, Колективниот договор и сите подзаконски акти. Додека пак донесената Пресуда од Управниот суд потврдува дека Владата на при носење на оспорената одлука неа ја донела како резултат на погрешна примена на материјалното право, се вели во соопштението.

Според Чулев, одлуката на Управниот суд е потврда за погрешните политики на Владата.

– Ваквата одлука на Управниот суд е уште една потврда за погрешните политики кои ги спроведува Владата, а кои се спротивни на законот, но и доказ дека зад сите одлуки на Владата поврзани со Министерството за внатрешни работи стојат исполнување исклучиво на политички цели. Претходната одлука донесена од страна на Државната комисија за спречување на корупција и оваа пресуда од Управниот суд се потврда на моите тврдења дека распоредувања во Министерството за внатрешни работи се во согласност со законот, стои во писмената изјава на Чулев.

Министерот Чулев ги охрабрува вработените во Министерството за внатрешни работи и во иднина да постапуваат согласно со законот и да ги почитуваат актитe.

– Во таа насока ги охрабрувам вработените во Министерството за внатрешни работи и во иднина да постапуваат согласно со законот и да ги почитуваат актитe кои се донесени од моја страна, затоа што тие се во согласност со законот што во суштина и единствен концепт на кои се заснова моето работење и раководење со министерството, а што потврда се и одлуките на ДКСК и Управниот суд, вели министерот Чулев.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе