„Чувствувајте се како дома“ – Вучиќ ја пречека Силјановска Давкова кај манастирот Прохор Пчински

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, денеска го посети манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.

Во манастирот „Св. Прохор Пчински“ претседателката Силјановска Давкова беше пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што двајцата претседатели, во придружба на митрополитот врањски г. Пахомије, го разгледаа манастирскиот комплекс.

Силјановска Давкова и Вучиќ остварија билатерална средба на која беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји.

Вучиќ рече дека со Силјановска Давкова разговарал за проблемите, но и за можностите.

„Силјановска-Давкова е секогаш добредојдена. Ви благодариме што ја посетивте нашата земја, чувствувајте се како дома“, рече Вучиќ за својата колешка, посакувајќи и успешна работа во наредните години.

„Сигурен сум дека Србија и Северна Македонија ќе ги развиваат понатамошните односи меѓусебно и дека ќе работиме на проектите. На сите во Србија им честитам на Македонците голем празник и нека слават уште многу години“, рече Вучиќ.

Во изјава за медиумите,  Силјановска Давкова се заблагодари за гостопримството, истакнувајќи го историското значење на манастирот „Св. Прохор Пчински“ и АСНОМ, и оцени дека билатералните односи меѓу двете држави се добрососедски во вистинска смисла на зборот, односи зад кои стои желба за солидарност, за помош и за трајна соработка.

„Благодарност за разбирањето, бидејќи навистина логично е да го славите денот онаму кадешто се случил. Такви денови има и Србија, споменици, и мислам дека истото треба и ние да продолжиме да го правиме. Можеби еден ден мислам дека е најдобро да го регулираме овој однос со потпишување на еден договор. Тогаш навистина ќе дадеме еден добар пример. Јас сум, како што знаете голем заговорник на регионалната соработка. Убедена сум дека ако не се разбираме едни со други и ако не си помагаме, не можеме да очекуваме да бидеме разбрани од останатите. Затоа, треба да сториме се да ги решаваме проблемите меѓу себе, да не дозволуваме на зелени маси да се решаваат, затоа што не случајно живееме едни крај други“, рече претседателката Силјановска Давкова, која се заблагодари и за помошта од Србија во гаснењето на пожарите.

Во состав на државно-црковната делегација која ја предводеше претседателката Силјановска Давкова на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ беа потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Република Србија, Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј.

реклама

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Македонија

Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград

Read more

Од полноќ нови цени на горивата - поскапуваат

Read more

Во сабота по втор пат ќе се одржи еко-настан VIVAX чистка на Водно

Read more

Неколку скопски општини денеска без струја

Read more
 

Вести

Кривични пријави против двајца пензионери од МВР

Читај повеќе

Германија: Сакаме да станеме 'рбет на одбраната на Европа

Читај повеќе
  • filter

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Читај повеќе

Португалците ја објавија причината за прекинот на струја

Читај повеќе

Today It’s All About Jazz по деветти пат во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски поетски фестивал покажува колку ни е потребна поезијата

Читај повеќе

Казни до 5.000 евра: Словенија забрани ароматизирани електронски цигари

Читај повеќе

Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград

Читај повеќе

Путин најавува четиридневно примирје за Денот на победата над фашизмот

Читај повеќе