АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2023

Циципас го победи Хачанов и се пласираше во финалето на Австралија опен

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас (4. АТП) се пласираше во финалето на Австралија опен откако рано утринава го победи Русинот Карен Хачанов (20. АТП).

Натпреварот траеше речиси 3 и пол часа, а резултатот на крајот гласеше 3:1 за Циципас, по сетови 7-6, 6-4, 6-7, 6-3.

URL

По успешните први сервиси, двајцата играчи направија брејк во четвртиот и петтиот гем. Истото се повтори и во осмиот и деветтиот гем, па се играше тај-брејк. Во една игра на нерви Стефанос направи три мини-брејка и поведе на овој дуел.

Во вториот сет и двајцата тенисери значително ги подобрија сервисите и немаше грешки до деветтиот гем, кога Гркот прави клучен брејк, кој потоа го потврди со својот сервис, со што дојде на чекор до победата.

По третиот гем од третиот сет, кога Циципас направи брејк, се чинеше дека Хачанов целосно потфрли. Сепак, Русинот покажа карактер и зеде брејк во 10-тиот гем - за израмнување. Се одигра нов тај-брејк кој сега му припадна на Карен, а рускиот тенисер на тој начин се врати во игра.

Сепак, тоа не го погоди Гркот кој веднаш во четвртиот сет направи брејк за водство од 3:0. Следуваа сервисни размени без проблеми, па Циципас мирно го приведе натпреварот кон крајот и забележа победа на денешниот дуел.

Remote video URL

Циципас во своето прво финале на Австралија опен ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (5. АТП) и Американецот Томи Пол (35). Второто полуфинале се игра денеска од 9:30 часот.

Доколку Ѓоковиќ се пласира во финалето, тоа ќе биде повторување на Ролан Гарос од 2021 година, кога во борбата за титулата се сретнаа српскиот тенисер и Гркот. Тогаш славеше Ѓоковиќ по голем пресврт.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шефот на Вагнер му пиша на Шојгу: Ве предупредувам дека Украина подготвува жесток напад

Read more

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Read more

Тенис

Мартина Навратилова го победи ракот на грлото и дојката

Read more

Надал првпат по 18 години не е меѓу првите десет тенисери во светот

Read more

Алкарас со триумф во Индијан Велс ќе се врати на врвот на АТП листата

Read more

Ѓоковиќ се враќа на турнирот што го нема освоено осум години

Read more
 

Спорт

Норвешка без Холанд против Шпанија

Читај повеќе

Верстапен: Не сум среќен, требаше да победам

Читај повеќе

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Читај повеќе

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Читај повеќе

Де Роси ја измамил сопругата роденденот да го слави во паб гледајќи дерби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси не може ни да вечера на раат во Аргентина

Читај повеќе

Претставен новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

Читај повеќе

Дешан го избра новиот капитен на Франција

Читај повеќе

Мартина Навратилова го победи ракот на грлото и дојката

Читај повеќе