„Циглата“ Nokia 6310 се врати 20 години подоцна: Ви се игра „змија“?

Добро познатата „цигла “ се враќа во ново издание за да ја одбележи дваесетгодишнината од претставувањето на оригиналниот модел.

Компанијата HMD Global, домот на телефоните Nokia, ја најави достапноста на новиот телефон Nokia 6310.

Уредот доаѓа во оригиналната форма на телефонот Nokia 6310, со карактеристична батерија која може да трае со недели помеѓу две полнења, издржливо куќиште и класичната игра Snake од 90-тите.

Nokia 6310 доаѓа со суптилни промени како модерни функции, вклучувајќи поголеми копчиња, зголемено мени и безжично FM радио. Новиот телефон е редизајниран, со поголеми копчиња и екран.

Има цврсто куќиште од поликарбонат, според компанијата, доволно силно за да ги издржи предизвиците на секојдневната употреба.

Адам Фергусон, директор за маркетинг на производи во HMD Global, рече:

„’Веќе не ги прават како порано’ е фраза од која се откажавме. Ние продолжуваме да го обезбедуваме тој препознатлив квалитет на изработка кога станува збор за сите наши уреди. Неодамна го претставивме новиот Nokia XR20 смартфон кој може да издржи сè што животот ќе му приреди, што за мене е телефонот Nokia 3310 во паметен телефон за модерното време, а сега се врати телефонот Nokia 6310, подобар од кога било досега“, рече Фергусон.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Читај повеќе