Зачинот што го посипувате на врело какао или сутлијаш може да го подобри вашето здравје. Како куркумата и други зачини, циметот се користи во традиционалната медицина со векови.

Циметот содржи цинамалдехид, соединение кое му дава карактеристичен мирис и вкус на зачинот, како и здрави својства. Истражувањата покажуваат дека циметот има антимикробно, антиинфламаторно, антидијабетично, антиканцерогено и други значајни дејства.
Помага и при слабеење, но и во борбата против акните.
Циметот има значително влијание врз шеќерот во крвта. Дијабетичарите кои земаат лекови за контрола на шеќерот во крвта треба да избегнуваат големи количини цимет. Иако студиите покажуваат дека циметот може да го намали шеќерот во крвта, земањето големи количини може да има негативни ефекти.
Разговарајте со вашиот лекар пред да земете цимет како додаток. Употребата во рецепти и посипувањето врз пијалоци и десерти е сосема во ред.
Некои луѓе се алергични на цимет или им предизвикува иритации на кожата и устата. Ако се појави иритација, престанете да го користите производот што содржи цимет. Исто така, кумаринот, состојка која се наоѓа во некои производи со цимет, може да предизвика проблеми со црниот дроб доколку се јаде во големи количини.
Можеби сте виделе статии кои зборуваат за способноста на циметот да ви помогне да слабеете. Иако е вистина дека зачинот може да помогне во намалување на гликозата во крвта и да ви помогне да го намалите додадениот шеќер. Сепак, циметот нема магично да ви помогне во слабеењето.
Козметолозите често зборуваат за придобивките од користењето маски за лице од цимет. Тие наведуваат дека маските од цимет имаат антибактериски својства и се ефикасни во расчистувањето на акните со уништување на бактериите што ги предизвикуваат. Зачинот има антибактериско дејство, но не го користете низ целото лице, бидејќи може да предизвика иритација, особено на чувствителната област околу устата и очите.