Циметот помага против состојба на преддијабет

Циметот ја подобрува контролата на шеќерот во крвта кај лица во преддијабетна состојба и може да го забави неговиот развој кон дијабетес, велат новите научни сознанија објавени во американскиот U.S. Journal за ендокринологија.

Група научници од САД, Германија и Јужна Кореја спроведоа клинички испитувања за влијанието на циметот врз контролата на шеќерот во крвта кај луѓе со состојба на преддијабет. На вкупно 51 доброволец му биле дадени 500 милиграми цимет или плацебо-капсули. Тоа траело 12 недели.

Притоа, утврдено е дека додавањето на цимет го намалува нивото на гликоза во крвта и ја подобрува реакцијата на организмот на храна која содржи јаглени хидрати, т.е. намалени се факторите на преддијабет. Учесниците добро го поднесувале циметот и никаде немало алергиска реакција.

Препораките говорат да се додава цимет во исхраната заради одржување стабилно ниво на шеќер. Резултатите сепак, изискуваат повеќе испитувања за да се види дали циметот со текот на времето може да го намали развојот на самиот дијабетес.

Истражувачите проценуваат дека околу 90 милиони луѓе во САС имаат преддијабет, што се јавува кога нивото на шеќер во крвта е постојано над нормалното. Оваа состојба доведува до развој на дијабетес, чии последици можат да создадат многу здравствени проблеми како дебелина, неплодност, болести на зглобовите и коските и хормонален рак.

Особено е важно за лицата со преддијабет да го контролираат шеќерот во крвта, а лекарите и нутриционистите постојано бараат производи што го одржуваат нормалното ниво на шеќер во крвта. Се нагласува дека ова е најважната стратегија за избегнување лекови за спречување дијабетес.

Тагови
реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Здравје

Кое месо не треба да се најде на вашата скара за Први мај?

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

5 симптоми на мозочен удар кај жените кои лесно се занемаруваат

Read more

9 совети за намалување на холестеролот преку исхрана

Read more
 

Магазин

Голем хороскоп за мај: Што го очекува вашиот знак?

Читај повеќе

Кое месо не треба да се најде на вашата скара за Први мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ефикасно да ја хидрирате косата и да го вратите сјајот?

Читај повеќе

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Читај повеќе

Дали сте подготвени да влезете во нова врска?

Читај повеќе

5 симптоми на мозочен удар кај жените кои лесно се занемаруваат

Читај повеќе
  • filter

Свадби, матурски, апсолвентски: Како да бидете маж со стил оваа пролет?

Читај повеќе

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Читај повеќе

4 цитати од Виктор Франкл ќе ви помогнат да пронајдете смисла

Читај повеќе