Ципрас: Грција прв пат толку решително се обидува да го реши спорот за името

Атина, 26 април 2018 (МИА) - Грција по прв пат на толку решителен начин се обидува да најде заемено прифатливо решение за прашањето за името со гаранции дека ќе има конечно решение, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас на прес-конференцијата во премиерската палата, рече дека со Јункер не разговарале само за економијата туку и за регионалните и меѓународните случувања, но и за Западен Балкан.

Говорејќи за улогата на Грција во ЕУ и регионот, грчкиот премиер рече дека земјата покажа во последните години дека треба да игра централна улога во обидот Европската унија во иднина да ја надгради нејзината меѓународна и регионална улога како сила на мир, стабилност и безбедност.

Грција, според Ципрас, ова го покажала преку справувањето со бегалскиот проблем и провокациите од Турција во Егејското море, со обидите за решавање на кипарското прашање, со градењето иницијативи во регионот за европската перспектива на Западен Балкан, но и со напорите за решавање на спорот со името.

„Ова го покажуваме обидувајќи се, по прв пат, на толку решителен начин да најдеме заемно прифатливо решение во прашањето со името на поранешната југословенска Република Македонија со гаранции дека ова прашање ќе има конечно решение“, рече грчкиот премиер.

Претседателот на Европската комисија се задржа на економијата во кусата изјава на прес-конференцијата, велејќи дека е топло и многу се поти и остави она што има да го каже, да го каже во обраќањето во грчкиот Парламент.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Регион

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more
 

Вести

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе