Ципрас: Посакувам соседот да ги исполни обврските од Договорот

Атина, 13 јули 2018 (МИА)- Прво соседната земја да ги исполни обврските од Договорот, а потоа, во јануари, февруари, ќе разговараме со коалицискит партнер за да видиме како ќе го придвижиме процесот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес конференцијата во Брисел по НАТО самитот, во однос на спротивните позиции што ги имаат со Панос Каменос за Договорот од Преспа.

Грчкиот премиер рече дека посакува нашата земја да ги исполни обврските, говореше за „историска интервенција“ и истакна дека е познато дека со коалициониот партнер нема поклопување на ставовите.

- Сега чекаме да видиме дали соседната земја, владата на Скопје, ќе успее да ги исполни обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа и посакуваме, јас лично посакувам да успее затоа што е историска интервенција што ги решава долгогодишни проблеми во нашата надворешна политика, а кога ќе успее, во некој момент во јануари, февруари, тогаш ќе разговараме со коалицискиот партнер за да видиме како ќе го придвижиме процесот, онака како што се предвидени обврските од самиот Договор, рече Ципрас на синоќешната прес конференција во Брисел.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на поканата за членство на Македонија во НАТО, грчкиот премиер рече дека е „историски ден бидејќи конечно, по цели 10 години се спроведува фамозната одлука од Букурешт“.

Ципрас упати критики и до грчките опозициски партии во однос на Договорот од Преспа и поканата од НАТО, говорејќи за „длабока хипокризија на опозицијата што ја потценува интелигенцијата на граѓаните“.

- Нова демократија и господинот Мицотакис, но и госпоѓата Генимата, која го следи во чекор, главно решија на изобличен начин да ги истакнат критичните национални прашања, затоа што се нивниот појас за спасување по нивните потонати предвидувања за економијата, рече грчкиот премиер и потенцираше дека овие прашања треба да се третираат со одговорност и сериозност.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе