Ципрас: Проблемот за опозицијата е што постигнавме договор и тоа добар

Атина, 16 јуни 2018 (МИА) - Вашиот проблем не е тоа дека е лош договорот, туку дека постои договор и е добар, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас, обраќајќи се до Нова демократија на синоќешната расправа во грчкиот парламент.

- Ова е еден договор што би сакал да го има на маса секој грчки премиер по 1995 и Времената спогодба, бидејќи не содржи само сложено име со географска одредница, ерга омнес, туку како предуслов има и уставна промена на денешното уставно име на соседната земја признаено од 140 земји, рече грчкиот премиер, а во однос на предлогот за недоверба на владата коментираше дека „на историчарот од иднината ќе му биде тешко да сфати зошто во еден толку позитивен момент за земјата, Нова демократија се обидува да ја урне владата“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, говорот на Ципрас што траеше нешто помалку од еден час, во голем дел беше насочен кон опозициската партија, кон ставовите што Нова демократија ги имала во минатото и ставовите што ги има сега во однос на преговорите за името.

Грчкиот премиер ги анализираше деловите од договорот и членовите за кои од опозициската Нова демократија рекоа дека се проблематични и Грција прави отстапки.

- Нашата душа не е географската одредница пред зборот Македонија, туку е нашата историја, нашето културно наследство, нашите симболи, историските личности кои беа присвоени во изминатите години, рече Ципрас.

Во обраќањето пред пратениците, тој упати критики до Нова демократија, дека во минатото немала проблеми со македонскиот јазик.

- Каде бевте во 1977 кога немаше никаков приговор за усвојување на македонскиот јазик во ООН, и тоа на конференција во Атина? Каде бевте кога Евангелос Авероф во 1959 година во парламентот говореше за македонски јазик?, праша Ципрас.

Грчкиот премиер потсети на периодот од 90-те години кога Андонис Самарас беше министер за надворешни работи, дека на средбата со португалскиот МНР и медијатор, Пинеро, на Самаррас му го претставил пакет предлогот, вклучувајќи и уставна измена согласно со грчките предлози, а тогашниот шеф на грчката дипломатија, според Ципрас,  го отфрлил името Нова Македонија, но го поздравил прифаќањето на грчкиот предлог за Уставот.

- Договорот не спомнуваше никакво регулирање на нацијата и јазикот, а господинот Самарас не го побара тоа од Пинеро, како што и во Времената спогодба не постои дури ни државјанство, со резултат сите овие години да се зацврсти уште повеќе употребата на термините „Македонец“ и „македонски јазик“, рече Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер рече дека патриотизам значи земјата да стане лидер на Балканот, а до опозицијата ги постави прашањата, дали можеби смета дека нашата земја е закана за Грција или „можеби смета дека за земјата е подобро да не постои и да се распадне соседната држава, во корист на други земји?“.

Претседателот на владата на Грција, го повтори ставот на владата, она што го споменаа и Ѕанакопулос и Коѕијас, дека опозициите во двете земји имаат идентични ставови, против договорот.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе