Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Зоран Заев

Претседателот на грчката партија Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас цитирајќи ги македонските поети Блаже Конески и Владимир Мартиновски истакна дека дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговата партија отворија ново прогресивно поглавје во историјата на Северна Македонија, но и на европскиот Балкан и дека таквото поглавје базирано на соработка, економски напредок и социјална правда може да продолжи само со Заев на чело на идната влада во земјава.

Ципрас денеска упати видео порака со поддршка за Заев, СДСМ и  коалицијата „Можеме“.

-Пред две и пол години го запознав Зоран Заев. Го препознав во него истото она што го покажуваат многу други лидери. Дека тој не зборуваше за минатото, туку за иднината. Тој не зборуваше за проблеми, туку за решенија. Тој не ги изразуваше балканските несигурности на мала европска земја која се плаши да ја изгуби својата историја, тој ја искажа европската визија за самоуверена балканска земја која се бори за создавање историја. Не историја со војни, нетолеранција и сиромаштија, туку ново прогресивно поглавје во историјата на Европски Балкан, базирано на заемна почит, соработка, толеранција, економски развој и социјална правда. Иднина во ЕУ и во НАТО, како што избра народот на Северна Македонија, истакува Ципрас во видео пораката.

Вели три години не се доволни за да се исполнат очекувањата на една земја, но како што докажале Заев, Никола Димитров и социјалдемократите, доволни се за да ја сменат судбината засекогаш.

-Има уште многу работа во ова ново поглавје од историјата и таа може да се направи само под водство на прогресивен и храбар лидер како Зоран Заев. Пред многу години, вашиот голем поет Блаже Конески напиша:

„Уште рика истата мака во мене, дека сум роден во смачкано племе, сејач на глуво семе“. Но, во последните две години откако го потпишавме Преспанскиот договор, слушам различна песна на надеж, од новата генерација на Северна Македонија. Владимир Мартиновски вели: „Купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време.“ Па, и јас, заедно со оваа нова генерација, велам, на 15 јули, купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време, порача Ципрас во својата видео порака. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе