Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Додека новите компании продолжуваат да растат и ги предизвикуваат етаблираните производители на автомобили со напредна технологија и перформанси, брендовите со богата историја сѐ повеќе се потпираат на нивното наследство. Renault заврши одлична работа со новата „петка“, а сега се чини дека Citroën го подготвува теренот за враќање на моделот 2CV.

„Никогаш не кажувај никогаш. Искрено, не ми се допаѓа ретро дизајнот, но мораме да признаеме што е во тренд во моментов и би можеле да направиме нешто. Имаме многу икони што можеме да ги користиме, но не го сакам тоа да стане генерален правец на марката, така што нема да произведуваме Traction Avant, SM, CX или AX, но би можеле да направиме еден исклучок“, рече шефот на Citroën, Тјери Коскас, на директно прашање за враќањето на саканиот мал автомобил, пишува Top Gear.

Тоа укажува на враќање на моделот 2CV, но се поставува прашањето каква форма ќе прими и дали ќе биде нешто поевтин од новиот електричен модел e-C3.

Исто така, Citroën би можел да тргне по друг пат и да се определи за нешто што не е само варијација на темата за SUV, што Коскас го потврди.

„Еден од столбовите на брендот е смелоста. Погледнете го Ami. Новиот C3 се издвојува во споредба со малиот хечбек. Да, сакаме да имаме нови форми во иднина“, заклучи Коскас.

Тагови
реклама

СМС пораката која стигна до граѓаните е тест за масовно известување во кризни состојби

Read more

Како никогаш не треба да чистите паркет и ламинат во домот

Read more

Словенците развија мотор што го претвора секој автомобил во ѕвер

Read more

Мистеријата на снимката од падот на индискиот Boeing во кој загинаа 260 луѓе

Read more

Авто новости

Словенците развија мотор што го претвора секој автомобил во ѕвер

Read more

Како да реагирате со возилото при невреме и поплавени патишта

Read more

Посебна посвета од Volkswagen за Golf „двојка“

Read more

Tesla ја отвори својата најголема соларна станица за полнење

Read more
 

Автомобили

Словенците развија мотор што го претвора секој автомобил во ѕвер

Читај повеќе

Како да реагирате со возилото при невреме и поплавени патишта

Читај повеќе
  • filter

Посебна посвета од Volkswagen за Golf „двојка“

Читај повеќе

Tesla ја отвори својата најголема соларна станица за полнење

Читај повеќе

Истражување открива кои автомобили се „најчисти“: Произведуваат 73% помалку емисии на стакленички гасови

Читај повеќе
  • filter

Bentley го откри изгледот на новите модели

Читај повеќе

Зошто крајот на нафтената ера е неизбежен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најтесниот автомобил во светот изгледа како од цртан филм

Читај повеќе

Hyundai тврди дека никој повеќе не сака мануелен менувач: Статистиката покажува дека се во право

Читај повеќе