Во француската автомобилска компанија велат дека со практичниот e-Berlingo со едно полнење на батеријата може да се поминат 274 километри.
Електричниот Citroën e-Berlingo е последниот конкретен чекор на француската автомобилска групација PSA во која планираа до 2025 година сите нивни модели да бидат електрифицирани.
Просторниот и практичен автомобил има мотор кој развива 136 КС.
Со едно полнење на батеријата може да се поминат 274 километри, а до 80% се полни за 30 минути.
И електричниот Berlingo ќе биде достапен во две каросериски верзии.