CNN дојде до снимка на која Русите безмилосно убиваат украински војници кои се предале

CNN дојде до видеоснимка на која се гледа како руските сили безмилосно убиваат украински војници кои се предале.

На видеото се гледа како Украинците одат среде правлива патека, а потоа паѓаат на колена со рацете на глава. Неколку секунди подоцна, снимките од украински дрон покажуваат дека тие лежат со лицето надолу, неподвижни.

Снимките од август, направени за време на борбите во близина на Покровск во источна Украина, покажуваат егзекуција на тројца украински војници кои се предале. Вакви инциденти има сè повеќе. Видеото нема да го прикажуваме поради вознемирувачката содржина.

Украинските одбранбени разузнавачки извори ѝ дадоа на CNN листа од 15 документирани случаи во текот на изминатата година во кои Русите ги убиле украинските војници кои се предале, наместо да ги земат како затвореници.

Канцеларијата на главниот обвинител на Украина истражува 28 вакви инциденти од почетокот на војната, во кои загинаа 62 украински војници.

„Ако војниците се предадат, ако јасно покажат дека се предале, ако немаат оружје во рацете - тогаш погубување по кратка постапка е воено злосторство“, рече Андриј Костин, главен обвинител на Украина.

Неколку руски војници се изведени пред суд за вакви злосторства. На пример, украинските обвинители наведуваат дека руски поранешен затвореник, ослободен за да може да се бори, застрелал украински војник во Запорожје во јануари, додека тој со кренати раце излегувал од ровот во близина на Пријутна. Како доказ прикачија видео од дрон.

Украинската одбранбена разузнавачка служба ѝ достави на CNN аудиотранскрипти на кои се слуша како руски командант, познат како „Турчин“, му наредува на подредениот на терен, „Малој“, да убие затвореници.

Турчин: Среди ги, ебате уништи ги, да не остане ништо.

Малој: Разбирам, разбирам.

Турчин: Јавете се кога ќе ги средите.

Извор од ОН изјави за CNN дека неколку такви случаи на очигледни егзекуции на украински војници се под истрага.

„Има многу такви, постои шема. Ова укажува на можна наредба. Овие убиства се индивидуални воени злосторства и заедно може да претставуваат злосторства против човештвото“, рече изворот.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Свет

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Read more

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина успешно завршена, Трамп им честита

Read more
 

Вести

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Читај повеќе

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Читај повеќе

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Читај повеќе

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Читај повеќе

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Читај повеќе

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Читај повеќе

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе