Во источна Азија

CNN: Единствено Северна Кореја нема регистрирано лица заразени со корона вирусот

Откако се појави корона вирусот во кинескиот град Вухан, речиси секоја држава и територија во источна Азија потврди случаи на заразени, освен Северна Кореја.

– Една од најсиромашните земји во светот, според официјални податоци, успеа да го избегне вирусот, и покрај фактот дека граничи со Кина, во која од корона вирусот починаа над 600 луѓе, а заразени се над 31.000 лица, објави CNN.

Американската телевизија исто така наведе дека секоја држава и територија во радиус од речиси 2.500 километри од Северна Кореја, освен Монголија, потврди дека има заразени луѓе со коронавирусот.

CNN истакнува дека е нејасно како Пјонгјонг успеа да го избегне вирусот, додавајќи оти Северна Кореја или има среќа или не е искрена.

Професорот на Корејскиот универзитет Нам Сунг Вук изјави дека многу веројатно е дека некој е заразен од 25 милиони луѓе, колку што живеат во Северна Кореја.

– Знаеме дека има заразени во кинеските региони кои граничат со Северна Кореја. Околу 90 отсто од трговијата на Северна Кореја се одвива со Кина и ние знаеме дека голем број луѓе, камиони и возови ја преминаа границата помеѓу двете држави пред Северна Кореја да презема мерки за да го спречи ширењето на вирусот, истакна Нам.

Северна Кореја ги затвори границите за странските туристи, од кои поголемиот број се Кинези, отвори центри против ширење на епидемијата ширум земјата, додека тие што во државата влегле по 13 јануари се под медицинска контрола.

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави дека медицинските работници поставија системи за дијагностика ширум земјата и оти се во состојба за кратко време да го откријат присуството на вирусот. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе