CNN го отпушти водителот Крис Куомо

CNN го отпушти водителот Крис Куомо поради поддршката за неговиот брат, поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, во борбата против обвинувањата за сексуално вознемирување на жени кои биле вработени кај него.

Одлуката е донесена откако CNN соопшти дека се појавиле дополнителни информации за степенот на вмешаност на Крис Куомо во одбраната на неговиот постар брат. Ендрју Куомо поднесе оставка во август, откако обвинителството соопшти дека го малтретира персоналот, објавија американските медиуми.

Кристофер Куомо рече дека е разочаран и оти тоа не е „начинот на кој тој би сакал да заврши неговата ера во CNN.

CNN во средата го суспендираше својот водител Крис Куомо на неодредено време, откако се појавија детали за тоа како тој му помогнал на својот брат, поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, да се соочи со обвинувањата за сексуално вознемирување, откриени претходно оваа година.

Телевизиската мрежа објави дека документите објавени од њујоршкиот државен обвинител во понеделникот укажуваат на тоа дека Крис Куомо бил повеќе вклучен во одбраната на својот брат отколку што знаеле раководителите на CNN.

„Како резултат на сето ова, го суспендиравме Крис на неодредено време и чекаме дополнителни проценки“, соопштија во средата од CNN.

Водителот извршил притисок врз изворите поврзани со жртвите на неговиот брат и ги информирал соработниците на гувернерот за своите сознанија, активно помагајќи да се развие одбранбен план и одговор на обвинувањата.

Канцеларијата на државниот обвинител Летиша Џејмс откри дека Ендрју Куомо сексуално вознемирувал најмалку 11 жени.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе