Живот

Coca-Cola со портокал: Нов вкус по повеќе од 10 години

10. февруари 2019 - 15:02 | К.З.

Неделава The Coca-Cola Company најави дека за првпат по повеќе од 10 години, нивниот најпознат производ ќе добие нов вкус кој ќе се појави на пазарот годинава. Се работи за Orange Vanilla Coke, која како што претпоставувате, ќе има вкус на портокал и ванила.

Со појавувањето на американскиот пазар на 25 февруари оваа година, новиот вкус на Coca-Cola ќе биде првиот новитет во однос на вкусовите на овој пијалак уште од 2007 година, кога беше претставена Vanilla Coke.

Иако компанијата експериментираше со неколку различни вкусови на диеталната верзија на Coca-Cola во текот на годините, реши дека комбинацијата од ванила и портокал е доволно добра за официјално да биде претставена на пазарот. Таа ќе се појави во оригиналната и во Zero верзија.

The Coca-Cola Company имаше и други предлози за нови вкусови, како малина, лимон и ѓумбир, но на крајот се реши за комбинацијата од ванила и портокал. Orange Vanilla Coke беше достапна во Канада минатото лето, но само на одреден период. Притоа, беше тестирана од страна на американски консумери, кои го одобрија новиот вкус.

Коментирај