COVID-19 долго ќе остане со нас, но ќе биде под контрола

Ханс Хестербек, професор по теориска епидемиологија, верува дека е сосема реално да очекуваме COVID-19 да се придружи на болестите кои се постојано присутни, но дека ширењето ќе биде под контрола.

„Не може со сигурност да се каже која е иднината со COVID-19. Но, според нашето искуство со другите инфекции, има малку причини за верување дека SARS-CoV-2 наскоро ќе исчезне, дури и кога вакцините ќе бидат достапни. Пореално е сценариото дека вирусот ќе биде додаден во семејството заразни болести кои се во човечката популација познати како ендемски“, тврди Хестербек, професор од Универзитетот Утрехт, пренесе IFL Science.

Кога болест почнува брзо да се шири во светот, изгледа малку веројатно моменталните мерки да можат да го стават ширењето под контрола.

Факт е дека голем број луѓе сè уште се подложни на зараза, што значи дека вирусот нема едноставно да го снема. Тоа ќе биде случај дури и ако одредени места постигнат имунитет на стадо. Кога доволен број луѓе станат имуни на болеста, преку вакцина или природна инфекција, нејзиното ширење почнува да биде побавно. Но, тоа не значи дека ќе исчезне моментално или целосно. На подрачјата кои немаат развиен доволен имунитет на жители веројатно ќе има доста места кои сè уште имаат доволно чувствителни поединци кои ќе продолжат со пренесување на вирусот.

Ниту една мерка на изолација не е толку силна за да во целост се запре човечката интеракција меѓу региони, внатре и надвор од земји или на глобално ниво.

„Можно е ширењето на инфекцијата на крајот да се стабилизира на постојано ниво така што ќе биде присутна во заедниците цело време, со релативна ниска брзина или понекогаш предвидлива брзина. На тоа мислиме кога ќе кажеме дека е болеста ендемска“, вели професорот.

Теоретски гледано, инфекцијата станува ендемска кога во просек секоја заразена личност ја пренесува на друга. Сè додека постои доволно количина на луѓе чувствителни на болеста да секоја заразена личност ја пренесе, таа и понатаму ќе се шири. Уште не знаеме колку ќе трае имунитетот од инфекција со вирусот, ниту колку ќе биде добра вакцината. Другите коронавируси кои се ендемскии во човечката популација, како оние кои предизвикуваат настинки, даваат привремен имунитет од околу една година.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе