Covid-19 е опасен за повозрасните и болните, децата оздравуваат

Пекинг, 18 февруари 2020 (МИА) – Кина го објави првото обемно истражување за Covid-19, според кое најголемиот ризик постои за возрасните и болните луѓе.

Во извештајот се нагласува дека меѓу децата нема жртви.

Крвната плазма од поранешни пациенти, кои биле заразени со новиот корона вирус, содржи антитела кои може да придонесат за намалување на неговата количина кај пациенти во тешка состојба.

– Би сакал излекуваните да донираат крвна плазма. Тоа ќе им даде надеж на пациентите, чија состојба е сериозна, изјави експертот Го Јанхун.

– На 11 пациенти, хоспитализирани во Вухан, од каде што почна епидемијата, минатата недела им беше дадена крвна плазма, прецизира Сун Јанжун од Центарот за биолошки истражувања при Министерството за наука и технологија на Кина. – Еден од нив веќе се е пуштен од болница, а останатите успешно закрепнуваат.

Според последните бројки, од Covid-19 досега починале 1.900 лица, а 72.500 се заболени.

Официјален Пекинг нагласи дека во последните денови е регистриран пад на нови случаи, што значи дека жариштето е под контрола.

Сепак, шефот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус изјави дека тенденцијата „треба да се толкува многу внимателно“.

– Тенденциите можат да се променат. Рано е да се каже дали тој регистриран пад ќе продолжи. Секое сценарио се уште е на маса, истакна тој.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе