COVID-19: Најлош ден во Србија, нови седум смртни случаи, 115 лица новозаразени

Во Србија денеска е најлошиот ден од појавата на коронавирусот во земјата, изјави на владината прес конференција Горан Стевановиќ, директор на клиниката за Инфективни болести на Клиничкиот центар во Белград.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Стевановиќ соопшти дека во изминатите 24 часа во Србија починале седум лица, а позитивни на тестот на коронавирусот биле 115 граѓани од тестираните 477 лица.

Со тоа во Србија бројот на починати се искачи на 23 лица, додека од вирусот заболени се вкупно 900 лица.

-Ова е најлош ден за Србија, се плашам дека и во иднина исто вака ќе биде и сето ова е резултат на непочитување на владините мерки да се избегнуваат собирања, дружења, препораките за самозолација и изолација, поради што ни се ближи италијанското сценарио, изјави Стевановиќ, кој потоа заедно со останатиот владин тим на лекари ја напушти прес конференцијата поради итност од нивен ангажман во лечењето на пациентите.

Според Министерстото за здравство, во Србија досега се тестирани вкупно 3561 лице.

Kоронавирусот е регистриран во над 35 градови во Србија и според објавените податоци од пред два дена, најмногу заболени има во Белград-352 лица, Ниш има 59, Ваљево има 50 заразени граѓани, Чуприја 49, Крагуевац има 21 лица со потврден коронавирус, Крушевац има 20, Врање 16, Суботица 15, Чачак 12, а Кикинда, Ужице, Зајечар, Панчево и другите градови имаат помалку од 10 потврдени случаи.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во недела на ТВ Прва најави дека доколку не се почитуваат владините мерки ќе воведе 24 часовна забрана за движење.

Денеска епидемиологот Предраг Кон, кој е во владиниот тим за борбата против COVID-19 изјави за ТВ Н1 дека предуслов за воведување на 24-часовна забрана на движењето е сериозно влошување на ситуацијата, што значи голем скок на бројот на заразени и починати.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе