COVID-19 во Македонија: Мажите почесто се заразуваат, жените почесто умираат - во Скопје најмногу смртни случаи

Сектор за превенција и контрола на заразни болести при Институтот за јавно здравје објави извештај за состојбата со COVID-19 во Република Северна Македонија.

Во периодот од 29.06. до 05.07. 2020 година тестирани се вкупно 8.422 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Во овој период регистрирани сe вкупно 917 нови позитивни случаи од 25 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=421; 45,9%) и Тетово (n=94; 10,3%).

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 29.06-05.07.2020        

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 210 (22,9%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 50-59 (n=182; 19,8%), 30-39 години (n=168; 18,3%) и од 40-49 (n=159; 17,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=38; 4,1%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 406 (44,3%) лица од женски и 511 (55,7%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=837; 91,3%), регистрирани се 112 (13,4%) хоспитализирани, а кај 209 (25,0%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 312 (37,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 14 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 613 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 46 смртни случаи од 11 градови (Табела 1). Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=31; 67,4%). Од починатите, 44 биле хоспитализирани, а 2 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 38 починати лица.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 05.07.2020, пријавени се вкупно 7.124 случаи на COVID-19 (I=342,9/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 32 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово и Тетово. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Ресен со 746,1 заболени и Штип со 740,4 на 100.000 жители, Куманово (561,4/100.000), Скопје (554,4/100.000), Дебар (396,3/100.000), Струга (395,0/100.000), Тетово (388,0/100.000) и Охрид (365,4/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Кочани (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 3.597 машки и 3.527 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 347,0/100.000, додека кај женските 341,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 1.595 (22,4%) со инциденца од 416,1/100.000, а највисока специфична инциденца од 488,0/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (1.357 заболени). Најниска инциденца од 135,4 и 128,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 310 и 322 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=7.124)

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=196) е регистриран на 13.06.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=7.124)

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 25-тата недела (n=1.035) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=7.124)

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=6.987; 98,1%), 19,9% (n=1.391) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Битола и Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Велес, Струмица и Гостивар), моментално се хоспитализирани 380 лица, а од нив 155 се на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,0%), кашлица (43,0%), малаксаност (41,9%), треска (14,8%), главоболка (13,5%), болка во грло (13,2%) и отежнато дишење (12,6%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=6.987; 98,1%), кај 2.071 или 29,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 1.327 или 64,1% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=6.987; 98,1%), пријавен е 71 (1,0%) случај кај бремени жени, од кои 17 биле хоспитализирани во текот на болеста. Триесет и два од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=6.987; 98,1%), кај 2.125 (30,4%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 1.450 лица имаат кардиоваскуларна болест, 614 дијабет, 290 се со хронична белодробна болест и 401 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 833 (59,9%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=6.987; 98,1%), регистрирани се 566 (8,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 346 смртни случаи (Лт = 4,9%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и на 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=246) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 61,6/100.000 жители. Регистрирани се 221 смртни случаи кај лица од машки и 125 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 279 (80,6%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=217), дијабет (n=97) и белодробна болест (n=53). Регистрирани се по два смртни случаи кај бремени жени и кај здравствени работници.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=346)

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=6.987; 98,1%), 137 (2,0%) се импортирани, од нив пет лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 04.07.2020. Вкупно 3.374 лица (48,3%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 05.07.2020 тестирани се вкупно 68.055 материјали (детектирани 7.124 позитивни лица, 4 од нив докажани во странство) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 32.892 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=68.055)*

Според исходот од заболувањето, 3.579 лица (50,2%) се активни случаи, 3.199 случаи (44,9%) се водат како оздравени (349 од нив се здравствени работници и 32 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5).

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=7.124)

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=7.124)

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=2.353)

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Штип, Ресен, Куманово и Струга се во фаза 3 (локализирана трансмисија).

Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

Целиот извештај може да го погледнете ТУКА.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе