Црна Гора го протера српскиот амбасадор Божовиќ

Aмбасадорот на Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, е прогласен за „персона нон грата“ и од него е побарано да замине од Црна Гора, соопшти црногорското Министерство за надворешни работи.

Во согласност со членот 9 и на 41 на Виенската конвенција за дипломатски привилегии и имунитет, Министерство за надворешни работи на Црна Гора денеска го прогласи амбасадорот на Република Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ за персона нон грата и побара тој да замине од Црна Гора, се наведува во соопштението.

Како образложение за таквиот чекор се наведува „долго и континуирано мешање во внатрешните работи на Црна Гора, однесување и изјави неспоиви со вообичаените и прифатливи стандарди за извршување на дипломатската функција“. Официјална Подгорица тврди дека Божовиќ повеќепати бил усно и писмено предупреден за неговото неприфатливо однесување.

– Амбасадорот Божовиќ вчера нелегалното и нелегитимно Подгоричко собрание од 1918 година го нарече ослободително и слободна волја на црногорскиот народ, со што уште еднаш, на најдиректен начин ја омаловажи државата која му пружи дипломатско гостопримство, се наведува во соопштението на црногорското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се истакнува дека Божовиќ на таков начин го понижи законодавното и претставничко тело – Собрание на Црна Гора, кое на 29 ноември 2018 година усвои Резолуција за поништување на одлуката на Подгоричкото собрание, со која беше укинат дотогашниот суверенитет на Црна Гора, а нејзината територија припоена кон Кралството Србија и насилно беше детрониизран кралот Никола Петровиќ Његош.

– Министерството за надворешни работи на Црна Гора со ова на вообичаен начин, со нота го извести српското Министерството за надворешни работи, а нота ќе му биде врачена и на амбасадорот Божовиќ, се посочува во соопштението.

реклама

Девојче почина поради предизвик на TikTok, започната истрага во Италија

Read more

Прилог за изградбата на Треска од 1978 година

Read more

Еден човек го има добитното лото ливче од 1 милијарда долари во САД

Read more

Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски“ се заменува со уставното име, велат од Комисијата

Read more

Регион

Следниот месец во Албанија ќе пристигнат над 40.000 дози вакцини од Pfizer

Read more

Вучиќ: Во Србија регистриран новиот вид на коронавирус

Read more

Вучиќ: Потешко е да се набави вакцина, отколку нуклеарно оружје

Read more

Хаг: Одбиено барањето за ослободување на Кадри Весели

Read more
 

Вести

Дневен ковид биланс: 184 новозаразени и 6 починати

Читај повеќе

Казнети 385 лица за неносење на заштитна маска

Читај повеќе

Следниот месец во Албанија ќе пристигнат над 40.000 дози вакцини од Pfizer

Читај повеќе

И за моторите важи мерката за привремено одземање возило поради истечена регистрација

Читај повеќе

Вучиќ: Во Србија регистриран новиот вид на коронавирус

Читај повеќе

Ѓоргиев: Придавката „македонски“ останува во записниците на Мешовитата комисија

Читај повеќе

Утре без струја дел од корисниците во Аеродром и Бутел

Читај повеќе

ЕУ: Ќе ги принудиме фармацевтските компании да го почитуваат договорот за испорака

Читај повеќе
  • play_arrow

Прилог за изградбата на Треска од 1978 година

Читај повеќе