Регион

Црна Гора ја продава јахтата „Јадранка“ на Тито за 80.000 евра

1. октомври 2018 - 10:16 | М.Д.

Министерството за одбрана во Црна Гора објави повик за продажба на половни  и непотребни објекти, опрема и нивните резервни делови, чија вкупна вредност изнесува 596.210 евра.

На продажба е ставена и јахтата „Јадранка“, некогашното пловило на поранешниот претседател на поранешна Република Југославија, Јосип Броз Тито, чија вредност е проценета на 80.000 евра.

Црногорското министерство за одбрана продава и бродски мотори, чија вкупна вредност изнесува 36.100 евра, како и резервни делови за дизел мотори за 77.492 евра.

Сите пловни објекти, опрема и резервни делови, како и работничка опрема, се продаваат без вооружување и воена опрема, стои во соопштението објавено на сајтот на тамошното министерство.

За купување на половни објекти, опрема и резервни делови од пловни возила, можат да конкурираат сите заинтересирани физички и правни лица.

Коментирај