Црна Гора прогласи крај на епидемијата на COVID-19

Во Црна Гора се прогласува крај на епидемијата на коронавирусот, одлучи денеска Националното координативно тело, по предлог на Институтот за јавно здравје.

– Ова е резултат на неколкумесечните напори на сите во системот и на нашите граѓани. Ви благодарам за довербата! Некои мерки ќе бидат укинати, но со оглед на тоа што пандемијата сѐ уште трае, остануваат во сила мерките против импортација на вирусот, соопшти Владата на својот официјален профил на Twitter.

Поминаа 28 дена откако во Црна Гора не се регистрирани нови случаи на коронавирус. Тоа значи дека се исполнети сите услови за официјално да се прогласи крај на епидемијата, јавуваат црногорските медиуми.

– Од вчерашниот пресек на состојбата, завршени се анализите на 133 примероци, меѓу кои немаше нови случаи на инфекција со COVID-19. Сè уште нема активни случаи, објави претходно Институтот за јавно здравје.

Првиот случај на коронавирус во Црна Гора беше регистриран на 17 март.

Имаше вкупно 324 регистрирани случаи, од кои 315 се излекувани, а деветмина пациенти починаа.

Во моментов, 1.064 луѓе се под надзор.

реклама

Тешки последици кои пациентите со COVID-19 ги чувствуваат месеци по оздравувањето

Read more

Охрабрувачки бројки на заразени од COVID-19 по „црната рекордна недела“

Read more

Наја Ривера официјално прогласена за мртва, се исклучува можноста за убиство или самоубиство

Read more

Се укинува забраната во ресторани и кафулиња да седат само двајца на иста маса

Read more

Регион

Аја Софија останува отворена за посетители кога ќе нема молитви

Read more

Косово воведе задолжителен тест за COVID-19 за граѓаните на Северна Македонија, БиХ и Црна Гора

Read more

Четирипати повеќе заразени туристи на Промахонас отколку на аеродромот во Атина

Read more

Ѓукановиќ: Односите со Белград не се добри

Read more

Вести

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Зибери: Не сум позитивен на COVID-19, утре ќе гласам во 10 часот

Читај повеќе

ССМ: 15 јули неработен ден за сите работници, ако се работи да се пријави во ДИТ и да се исплати надомест

Читај повеќе

Аја Софија останува отворена за посетители кога ќе нема молитви

Читај повеќе

135 новозаразени, 4 починати и 142 оздравени

Читај повеќе

ЦИВИЛ: Кршење на изборниот молк и други изборни нерегуларности

Читај повеќе

Кокино добива нови патоказни и информативни табли

Читај повеќе

Коронавирус кај 57 морнари во Аргентина, не знаат како се заразиле

Читај повеќе

Расте тензијата на Кавказ: Загинати и ранети ерменски и азербејџански војници

Читај повеќе