Црна магија го повреди голгетерот на шведската лига

Напаѓачот на Сиера Леоне тврди дека црна магија е причината за неговата повреда поради која пропушти квалификациски натпревар на неговата репрезентација.

Мохамед Буја Туреј настапува за шведскиот шампион Јургорден и воедно го предводи нападот на репрезентацијата на Сиера Леоне. Изминатава сезона заврши како најдобар стрелец во Шведска со 15 голови.

За време на изминатава репрезентативна пауза тој ѝ се приклучи на Сиера Леоне во квалификациите за пласман на Африканскиот куп на нации 2021.

Откако играше на првиот натпревар дома со Лесото кој заврши 1:1, Туреј потоа го пропушти гостувањето кај Бенин откако наеднаш почнал да го боли ножниот палец. Но, за него не се работи за обична повреда.

„Немав никаква повреда на палецот кога играв против Лесото бидејќи никој не ме ни згазна ни удри. Но, почнав да чувствувам болка во палецот наредниот ден кога се вратив во хотелот каде што беше сместен тимот. Тимскиот лекар ме прегледа и не најде ништо. Потоа болката се засили кога дојде времето за тренинг, се рашири низ целото стапало и потоа низ целата нога. Тогаш решив да побарам мои роднини кои ме однесоа кај една жена на преглед“, вели Туреј за BBC кој очигледно веднаш знаел за што станува збор.

„Жената ми рече дека повредата на палецот е поради тоа што сум згазнал на духовна мина ставена специјално за мене од страна на личност која сака да добијам елефантијазија и со тоа да ми ја уништи кариерата. Исто така ми кажа и дека доколку сум отишол во болница или сум пробал стандардни лекови, тоа ќе било крај за мојата кариера“.

Елефантијазија е болест која се манифестира со зголемување и згуснување на долните екстремитети како последица на оток на ткивата. За фудбалер тоа би било фатално.

Тој смета дека станувањето најдобар стрелец во Шведска ја поттикнало личноста да реагира од љубомора. Фудбалерот навистина верува дека повредата на палецот од ногата му е од фрлена црна магија.

Туреј на својот facebook профил детално ја објасни целата приказна:

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе