„Црната вдовица“ од Франција осудена на 22 години затвор

Патриција Дагорн, која во медиумите беше нарекувана „Црната вдовица од француската Ривиера“ доби затворска казна од 22 години за убиство на двајца мажи и труење на уште две жртви.

Обвинителството во Ница рече дека Дагорн била „перверзен нарцис“ која се обидела да се збогати заведувајќи мажи што ги запознавала главно преку агенции за посредување во наоѓање партнер.

Таа наводно главно на жртвите им  барала пари или да ѝ биде препишано наследството по нивната смрт.

57-годишната Дагорн ги негира сите обвиненија. Таа веќе отслужува петгодишна затворска казна за измама и кражба.

По судењето за овие обвиненија, полицијата повторно ја отвори истрагата за смртта на Мишел Кнефел од 2011 година, маж на 60-тина години со кого таа живеела во Ница.

Полицијата кај неа открила таблети „валиум“ и разни лични документи на име на различни мажи, како лични карти, банкарски извештаи и документи за здравствено осигурување.

Затоа инспекторите ја прошириле истрагата кон други нерешени смртни случаи на луѓе што имале поврзаност со неа, како 85-годишниот Франческо Филипоне, кој бил најден мртов во када во 2011, во близина на Кан.

Таа претходно кеширала чек на негово име во вредност од 21.000 евра. Дагорн тврди дека тие пари биле подарок од него.

Двајцата мажи кои Црната вдовица ги труела со лекови, но успеале да се спасат од неа, Анж Пискота (82) и Роберт Вокс (91) се приклучиле на случајот со посебни тужби.

„Таа беше како сончев зрак во зима. Кога сте со помлада жена знаете дека нема да трае долго, но нема да се лишите од тој момент освен ако не сте мазохист“, рече Вокс.

Тој додава дека здравјето значително му се влошило откако Дагорн почнала да живее со него во почетокот на 2012 година.

Докторот му рекол дека е во „смртна опасност“. Дагорн го труела со „валиум“ додека се обидувала да му го украде имотот.

Полицијата смета дека Дагорн, која е дипломиран правник, се забавувала со најмалку 20 мажи во периодот од 2011 до 2012 година. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе