„Црно под ноктите“, изложба на Андреј Медиќ Лазаревски во Буква

На 13. септември во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20:30 ќе се случи првата изложба на Андреј Медиќ Лазаревски под наслов „Црно под ноктите“.

Изложбата се состои од колажи и мини-инсталации изработени во изминатата година.

„Црно под ноктите“ е концепт со кој авторот пробува да го втурне гледачот во „гнилото“, во „црното под ноктите“. Во тоа „гнило“ се наоѓаат темите што се преокупација на една цела генерација, но и вечните теми како „потрагата“ по своето место во заедницата, личното и нелирско „јас“, уништувањето на природата, љубовта, еротското, стравот, смртта, миграциите.

Дел од колажите се инспирирани и посветени на песни од поети и поетеси од домашната и светска книжевност (Сергеј Есенин, Жак Превер, Имануел Мифсуд, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Јулијана Величковска, Ива Петреска, Александра Спасеска, Васил Ханџиски, Милена Сиљаноска, Ангела Бошкоска, Дамјана Видическа…).

Во рамки на настанот за музичкиот дел, со свој диџеј-сет, ќе се погрижи Индог.

Андреј Медиќ Лазаревски (2001, Скопје) е поет, уредник и организатор на културни настани и фестивали. Тој е дипломиран професор по филозофија на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет и студира на Катедрата по општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје. Автор е на стихозбирките „Беседење со неа“ (2021, Дата песнопој) и „Молитвени дискурси“ (2022, 2023 – 2. изменето и дополнето издание, ПНВ Публикации).

Тој е основач на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, организатор е на книжевните настани „Поетска епизода“ и „Клинци“, главен фестивалски координатор е на „Филозофскиот филмски фестивал“, член е на извршниот одбор на Филозофското друштво на Македонија, член е на Управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал, дел е од тимот на кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, а моментално работи во „Кликер маркетинг“. Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали (Стих у регији, Струшки вечери на поезијата, Поетска ноќ во Велестово, Скопски поетски фестивал, АртАреа…). Негови песни се застапени во домашната периодика и преведени се на српски јазик за книжевните списанија „Блудни стих“ и „Рукописи“, на хрватски за списанието „Поезија“ на Хрватското друштво на писатели и на англиски јазик за “Selection from A new birth of the word (an Anthology of Macedonian Young Poetry)“, издание на Струшките вечери на поезијата. Негови песни се застапени во антологиите „Македонска љубовна лирика“ (прир. Весна Мојсова-Чешишевска и Иван Антоновски, Матица македонска, 2024), „Ново раѓање на зборот: антологија на млада македонска поезија“ (прир. Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, ПНВ Публикации, 2023) и „Музика, сега и уште“ (прир. Владимир Мартиновски, Струшки вечери на поезијата, 2022).

За песната „Твоја ли е градината, Алиса?“ ја добива наградата „Енхалон“ од Струшките вечери на поезијата (2024).

реклама

Решена е вековната мистерија за националноста на Кристофер Колумбо

Read more

Majката на Вања: Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на Google првин нè однесе во напуштена куќа

Read more

Првите аларми за рак на дојка кои не треба да се игнорираат

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Култура

Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала

Read more

Промоција на „Координати на болката“ од Александра Спасеска во Велес

Read more

Почнува „Поетски слем Македонија“: Промоции, изложби, поетско-музички перформанси во Прилеп

Read more

Вечерва се спушта завесата на 12. „Џифони Македонија“

Read more
 

Вести

Се шират снимки од грозоморно руско „човечко сафари“: Ловат цивили со дронови

Читај повеќе

22-годишна жена обвинета за измама со изнајмување на станови во Скопје

Читај повеќе

Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала

Читај повеќе

Митева најави скок на платите во образованието за 46%

Читај повеќе

Адвокатот Туферџиќ: Мајката мислела дека Вања побегнала од дома

Читај повеќе

Грејната сезона почнува утре, но не и за осум училишта во Карпош

Читај повеќе

Majката на Вања: Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на Google првин нè однесе во напуштена куќа

Читај повеќе

Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе