Црногорски медиуми: Хрватска одби да ги обучува нашите војници

Хрватска го одби барањето на Црна Гора за обука на неколку војници, пишуваат црногорските медиуми кои потегот го толкуваат како одговор на неодамнешното црногорско усвојување на резолуцијата за Јасеновац.

„Побједа“ од Подгорица објави дека хрватското Министерство за одбрана потврдило дека го одбило барањето да се примат двајца питомци на Армијата на Црна Гора да студираат на Хрватскиот воен универзитет.

Црногорското радио „Антена М“ претходно објави неофицијална информација дека покрај одбивањето на приемот на двајца питомци, не е прифатено ниту барањето на црногорското Министерство за одбрана за запишување на еден кандидат од црногорската војска во Хрватската воена академија.

„Министерството за одбрана донесе таква одлука, а за идната соработка во таа област ќе известиме кога ќе дојде време“, велат од хрватското Министерство за одбрана за „Побједа“. Според „Антена М“, Црна Гора преку својот воен пратеник побарала од хрватското министерство да прими тројца припадници на црногорската армија во воените училишта, но добила негативен одговор.

Спорното решение беше усвоено на крајот на јули

Медиумите ова го толкуваат како уште еден потег што Хрватска го направи како одговор на неодамнешното усвојување на Резолуцијата за Јасеновац во црногорскиот парламент. Загреб за персона нон грата ги прогласи претседателот на црногорскиот парламент Андрија Мандиќ, вицепремиерот Алекса Бечиќ и пратеникот Милан Кнежевиќ.

И во Црна Гора се шпекулира дека Хрватска во ЕУ ги блокирала средствата за Црна Гора наменети за модернизација на армијата преку Европската програма за мир. Црногорскиот парламент на крајот на јули усвои резолуција за осуда на геноцидот во логорите Јасеновац, Маутхаузен и Дахау.

Усвојувањето на таа резолуција, која ја предложи лидерот на просрпската и проруска десница Андрија Мандиќ, е негов одговор на поддршката на црногорската влада за резолуцијата за Сребреница, која малку порано ја усвоија Обединетите нации. Хрватска жестоко реагираше испраќајќи протестна нота до Подгорица и предупреди дека таквите одлуки може да го загрозат нејзиниот европски пат.

реклама

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Read more

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Регион

Опозицијата загуби од Вучиќ за 51 глас, студентите излегоа на улица

Read more

Вештак открива детали за момчето-убиец од Белград: Сакал да биде психопат

Read more

Вучиќ се обрати од терасата на Претседателството

Read more

Bloomberg: Трамп сака да депортира мигранти во Србија

Read more
 

Вести

Дали е на повидок нова нафтена криза?

Читај повеќе
  • filter

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Читај повеќе

Балони на топол воздух паднаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Читај повеќе

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Читај повеќе

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе