Црногорскиот премиер нападнат во парламентот

Во црногорскиот парламент вчера се случи тежок инцидент кога пратениците од опозицискиот сојуз Демократски фронт (ДФ) го нападнаа премиерот Мило Ѓукановиќ, обидувајќи се физички да се пресметаат со него.

Премиерот се подготвувал да ја објави реконструкцијата на Владата според претходниот договор.

Кога Ѓукановиќ почнал да зборува од местата на кои седат парламентарците на Демократскиот форум започнало скандирањето „Мило гангстер“, а тој возвраќал „Браво кретени“. Претседателот на парламентот, Ранко Кривокапиќ во тој момент ја прекинал седницата на парламентот по што дошло до големо кошкање, пцуење и навреди на сметка на премиерот, а некои од пратениците на ДФ тргнале кон Ѓукановиќ во намера со него физички да се пресметаат.

Во меѓувреме парламентарната служба за безбедност и пратениците на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ ја смириле ситуацијата и ја спречиле физичката пресметка, а седницата траеше до доцна вечерта.

„Претседателството на ДПС најостро го осуди однесувањето на ДФ во парламентот со кое сакаа да ја понижат Црна Гора пред прославата на десетгодишнината од независноста. ДПС нема да се врати во парламентот додека не се презема мерки таквото однесување да биде казнето“, изјави Душко Марковиќ, заменик претседател на партијата и вицепремиер на владата.

Марковиќ во изјавата за медиумите наведе дека овој е најтешкиот инцидент во историјата на црногорскиот парламентаризам.

„Пратениците на ДФ од парламентот може да бидат отстранети само со сила, а доколку некој се обиде тоа да го стори, тие ќе ги повикаат граѓаните кои ги поддржуваат да влезат во собранието“, порача еден од челниците на овој сојуз, Андрија Мандиќ. Додаде дека пратеничката група на ДФ донело одлука „доколку некој се дрзне да ги отстрани пратениците на ДФ од парламентот, тоа ќе може да го стори единствено на насилен пат“.

Државното обвинителство, како што изјави главниот обвинител, Ивица Станковиќ, ќе спроведе постапка поради утврдување дали во однесувањето во парламентот имало кривични или прекршочни елементи.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе