Netflix серијата „The Crown“ и „Mandalorian“ на Disney Plus добија по 24 номинации за американската награда Еми.
По нив следат „WandaVision“ на Marvel со 23 номинации и „The Handmaid’s Tale“ на Hulu со по 21 номинација. Победниците ќе бидат прогласени на церемонија предвидена да се одржи во живо на 19 септември во Лос Анџелес, со ограничена публика.
Ова претставува одредена форма на враќање во нормала. Минатогодишното издание на доделувањето беше емитувано без присуство на публика, а добитниците ги примија наградите во нивните домови.
Дваесет и пет илјади гласачи на Академијата за телевизија минаа месеци затворени, критикувајќи од дома.
Целосната листа на номинирани може да ја погледнете овде.