Цртај со Ладна и патувај во Дизниленд

Минатогодишните добитници на детскиот ликовен конкурс  на „Ладна“, семејството Цветковски ни раскажува: „Не поминува ден, а да не се спомене времето кое го поминавме во Дизниленд“.

Која е омилената активност на вашето дете кое секогаш со задоволство ја прави?! Кај повеќето цртањето ќе биде на листата на омилени активности која толку природно им доаѓа на децата и неверојатно моќно ја ослободува нивната фантазија. Заедно со другите форми на изразување како танц, раскажување приказни и слично, цртањето има бројни развојни придобивки како што е стимулација на моторика, концентрација, самодоверба и ред други значајни работи.

Токму во оваа насока е и детскиот ликовен конкурс на Ладна на тема „Мојот замислен цртан лик“, кој трае до 08.05.2019. Па затоа  инспирирајте ги малите креативци и испратете ги нивните цртежи на адреса ул. „1732“ бр. 2, 1000 Скопје и очекувајте да бидете еден од главните добитници кои ќе отпатуваат за Дизниленд во Париз.

Минатата година среќата им се насмевна на семејството Цветковски кои благодарејќи на нивниот син Михаел ја освоија првата награда и создадоа спомени кои цел живот ќе ги паметат.

Ова е нивната приказна: „Михаел имаше желба да црта уште од мали нозе. Кога прв пат видовме дека има ликовен конкурс од Ладна сакавме да учествуваме, но тогаш не исполнуваше критериум за возраст, па цртежот остана во рамка во неговата соба и чекавме да дојде наредната година за да учествуваме.“, се присети таткото Благојче.

„Михаел се нацрта себеси во кајче кое плови на езеро правејќи го неговото хоби-цртање и боење. Инспирацијата се роди лесно бидејки покрај цртањето неговата најголема желба е да плови и да поминува време покрај вода. Секако дека првото место не изненади иако длабоко се надевавме на истото. Ова ни беше прво патување во Париз, и покрај Дизниленд накратко го посетивме градот и неговите обележја, а воедно и делот со уметниците-Монмартр. Патувањето беше една волшебна приказна за нас и неспоредлива со ниту едно до сега. Не поминува ден, а да не се спомене времето кое го поминавме таму. Ова патување ни значеше многу и комплетно ги исполни нашите очекувања и за момент го разбуди детето во нас :). Оваа награда ни отвори нови видици и го потикна Михаел и понатаму да црта и твори. И за крај голема благодарност до Ладна за беспрекорната организација и исполнувањето на еден детски сон!“, вака ја завршува приказната таткото Благојче за ова незаборавно искуство.

Сè уште е отворена можноста семејно да отпатувате за Париз и да го посетите Дизниленд, па затоа праќајте ги цртежите на вашите малечки и стискајте палци токму вие да бидете добитници.

За повеќе информации во врска со ликовниот конкурс на Ладна можете да дознаете од видеото: 

*Промотивен текст

реклама

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово, Чулев апелира: Одлуката не е идеална, но треба да се почитува

Read more

МЗ: Филипче не прикривал 20 случаи на заболени од COVID-19

Read more

Маск: Време е Amazon да се разбие

Read more

Ахмети посака Албанец премиер, Заев му порача дека нема да биде дел од идната Влада

Read more

Живот

Грчкото лето е состојба на умот

Read more

Идентификуван осомничениот убиец на Меделин Мекен

Read more

Џордан донира 100 милиони долари во борба против расизмот

Read more

Wizz Air до 14 јуни нема да има летови до и од земјава

Read more

Магазин

  • play_arrow

Грчкото лето е состојба на умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Новинарски гаф на фудбалската сезона: Резултатот е 5,4

Читај повеќе
  • play_arrow

Идентификуван осомничениот убиец на Меделин Мекен

Читај повеќе

Џордан донира 100 милиони долари во борба против расизмот

Читај повеќе
  • play_arrow

Осврт на „Музеј на невиноста“ од Орхан Памук

Читај повеќе

Предлог за ручек: Салата со кускус, домати и моцарела

Читај повеќе

Нордиска или медитеранска диета – која е подобра?

Читај повеќе
  • play_arrow

5 рецепти за крофни

Читај повеќе

Wizz Air до 14 јуни нема да има летови до и од земјава

Читај повеќе