Фудбал

Црвена ѕвезда на Маракана прими гол од половина терен

15. декември 2019 - 18:05 | А.С.

Црвена ѕвезда денеска го победи тимот на Чукарички со 3:1, но средбата од шестото коло на српската Суперлига ја одбележа единствениот гол на гостите на Маракана.

Се играше 24-тата минута кога играчот за врска на Чукарички Лука Стојановиќ го постигна голот на неговата кариера и тоа од половина терен.

Стојановиќ го фати неподготвен Милан Борјан, откако виде дека голманот на Ѕвезда е премногу излезен напред.

Следеше ракета од половина терен што заврши во голот заедно со Борјан – гол каков што ретко се гледа и на највисоко ниво.

Коментирај