Црвена младина: Министерката Јаневска има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите и средношколците

Министерката Јаневска продолжува со нејзините крајно дрски и скандалозни изјави. Таа ја дополни оваа низа најавувајќи дека во Буџетот на државата нема пари за бесплатен градски превоз за студентите и средношколците, бидејќи не постоело основ за дотација кон град Скопје, велат од Црвената младина.

„Во Ребалансот изгласан од коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не се предвидени средства за бесплатен градски превоз за младите, ниту пак планираат да го покријат долгот од 8 милиони евра кон Град Скопје, односно кон и така финансиски руинираното ЈСП. Ваквата ситуација сериозно ја доведува во опасност мерката бесплатен превоз за студентите и средношколците која е од витално значење за младите!
Загрижувачка е неинформираноста на Јаневска за постоењето на оваа мерка која датира од 2016 година. Дополнително, министерката крајно дрско и неуко изјави дека ова било ветување кое таа и актуелната владина гарнитура не е должна да го реализира бидејќи не ветувала бесплатен превоз!

Владата, која во предизборието ветуваше подигнување на стандардот и сериозен фокус на младите, не само што нема план да го подобри стандардот, туку очигледно започнува и со укинување на досегашните мерки, т.е. штедење и водење каприц на грбот на младите!
Бараме Владата итно да го подмири долгот кон Град Скопје за да не дојде до укинување на оваа клучна услуга за младите. Не можеме да дозволиме неинформираноста и политичките игри дополнително да ги загрозат правата и благосостојбата на студентите и средношколците!

Црвена младина не само што ќе се бори за заштита на веќе постоечките мерки коишто се во интерес на младите, туку и ќе работи на нивно проширување, вклучувајќи воведување на целосно бесплатен меѓуградски превоз за учениците и студентите“, се наведува во соопштението на Црвената младина.

реклама

Како да спречите рибата да се залепи на тавата за време на пржењето?

Read more

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Колку склекови треба да можете да правите според вашата возраст?

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Македонија

Јабланица гори три дена, два армиски хеликоптера се борат со пожарот

Read more

Трендафилов: Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?

Read more

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Read more

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Read more
 

Вести

ЕУ во последен момент одлучува за санкции против Русија 

Читај повеќе

Вашингтон нуди 10 милиони долари за информации за иранските лидери

Читај повеќе

Јабланица гори три дена, два армиски хеликоптера се борат со пожарот

Читај повеќе

Трендафилов: Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?

Читај повеќе

Шест лица лишени од слобода во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Читај повеќе

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Читај повеќе

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Читај повеќе

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Читај повеќе