Црвена звезда и Вардар договорија хуманитарен меч: Сите приходи за погодените од трагедијата во Кочани

Црвена звезда денеска испрати порака до медиумите од извршниот директор Звездан Терзиќ и изрази сочувство до народот на Македонија по страшната трагедија во Кочани. Терзиќ потврди дека „Црвено-белите“ ќе одиграат хуманитарен натпревар во Скопје.

„Сите во Црвена звезда беа длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш стапивме во контакт со нашите играчки легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош стапивме во контакт со управата на Вардар и се договоривме да го посетиме Скопје на 16 април и да одиграме хуманитарен натпревар“, извести извршниот директор на Звезда.

Сите приходи од овој натпревар ќе бидат наменети за семејствата на загинатите во оваа страшна несреќа.

„Ова е најмалку што може да направи Црвена звезда за својата братска Македонија во ова тешко време“, додаде Терзиќ.

И тој, како и сите играчи, тренери и вработени во клубот, беше погоден од веста за бројни, главно млади, жртви во соседството. 

„Изразуваме искрено сочувство до сите семејства на жртвите, како и до сите граѓани на Македонија, со надеж дека овој гест ќе покаже колку нè погоди оваа трагедија и дека сме обединети во тагата со семејствата на жртвите“, заклучи Терзиќ во врска со трагичниот настан што овој вторник во Србија го одбележа како Ден на жалост.

Дарко Панчев зборувал со селекторот н Србија, Драган Стојковиќ, за хуманитарен натпревар и меѓу репрезентациите.

„Последниот ден од викендот се слушнав со Пикси Стојковиќ, кој има безброј обожаватели во Скопје и низ Македонија, предложив да се организира натпревар меѓу репрезентациите. Тој веднаш ме поддржа, идејата беше едногласно одобрена од раководните структури на Српската фудбалска федерација. Ви благодарам за подадена рака, милион пати: благодарам“, изјави Панчев за Sportklub.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Фудбал

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more

Меси купи клуб во Каталонија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе

Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Претседателот на УЕФА е во Скопје, се сретна со премиерот Мицкоски и ФФМ претседателот Омерагиќ

Читај повеќе