Црвената Tesla на Маск би можела да се врати на Земјата

Сега веќе ова е стара вест, но за секој случај ќе ве потсетиме дека далеку над нас, во вселената лебди една црвена Tesla Roadster која Елон Маск ја прати таму заедно со ракетата Falcon Heavy. Веројатно веќе не е ни исправна за возење, па затоа НАСА ја регистрираше како небесен објект.

Поради тоа што оваа Tesla не е управувана и не е можно да се одреди нејзината крајна дестинација, група научници од Торонто тргнаа во потрага на одговор на прашањето: Дали возилото може да се урне на Земјата?

Тие и самите велат дека не може да се даде конкретен одговор кога се работи за крајната локација на која ќе заврши оваа Tesla, но затоа тука постојат истражувањата и технологијата, па тие ќе го следат автомобилот и неговото движење .

„Претпоставуваме дека постои можност за судир во некоја од планетите, посебно Земјата и Венера, каде што шансите се 6% односно 2,5%. Сепак, се работи за претпоставка за периодот од следните милион години, така што не се грижете дека ќе доживеете да го видите тоа“, напишаа авторите во истражувањето.

Автомобилот во моментов се наоѓа во елиптична орбита која ќе го однесе многу подалеку од Марс, околу 150 милиони километри оддалечено од Сонцето.

Авторот на истражувањето, Хано Реин, рече дека многу било возбудливо да се гледа самиот лет на автомобилот. Тој, заедно со групата научници, извршил голем број тестови, поголемиот дел од нив биле статистички тестови, бидејќи е многу тешко да се моделира нешто кое е многу тешко да се контролира, како што е моменталниот лет на Tesla-та, температурата во вселената и непредвидените флуктуации на брзина. Следната блиска средба со Земјата на овој Tesla Roadster ќе биде во 2091 година.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе