ЦСКА Москва ја порази Барселона како гостин во Евролигата

ЦСКА Москва го победи домаќинот Барселона со 84:76 (44:41) во средба од 20-тото коло на Евролигата во кошарка за мажи.

Со 15-от успех во кампањата, Русите се зацврстија на третото место на табелата. Нандо Де Коло заврши со 25 поени, вклучувајќи рекордни во кариерата 7 тројки во натпревар од турнирот. Никита Курбанов придонесе со 17 поени и 5 скока. Виктор Клавер беше најуспешен кај Каталонците со 17 поени.

Дуелот беше многу неизвесен со повеќе од 30 смени на водството. Барселона имаше предност од 68:67 во средината на последната четвртина, но ЦСКА направи серија од 10:1 во поени, со кои поведе со 77:68 и во последната минута и половина не допушти пресврт. Шпанците го заземаат петтото место со 11 победи и 9 порази.

Баерн Минхен израмни негатива од 18 поени на гостувањето кај Химки и стигна до победата со 71:60 (35:40) при дебито на турнирот на новиот тренер на Русите – Римас Куртинаитис. Германците ја загубија првата четвртина со 10:28, но до крајот доминираа, за да запишат десетти успех во кампањата, со што се искачија на седмото место во рангот.

Клучна за успехот за гостите беше серијата од 16 поени во третата четвртина, по која тие поведоа со 53:46 и до крајот не ја испуштија предноста во резултатот. Најдобар за Химки беше Малком Томас со 13 поени и 10 скока. Дерик Вилијамс беше најпрецизен за Германците со 20 поени.

Последниот во пласманот, Дарушафака постигна трет успех сезонава по 80:75 (45:47) над гостите Басконија. Тони Даглас се истакна со 21 поен, 6 скока и 5 асистенции за турскиот тим, а Мајкл Ерик придонесе со 18 поени и 5 скока. Мет Џанинг беше најпрецизен за Шпанците со 18 поени, а Јоханес Фојгтман додаде 14 поени и 11 скока.

Будучност регистрира трет успех по ред откако триумфираше со 75:70 (36:38) над Гран Канарија во Подгорица. Двата тима останаа во долната половина на табелата со по 6 победи и 14 порази. Норис Кол имаше учинок од 20 поени, 5 скока и 5 асистенции за Црногорците.

Резултати од 20. коло на Евролига:

Химки (Русија) – Баерн Минхен (Германија) 60:71

Дарушафака (Турција) – Басконија (Шпанија) 80:75

Будучност (Црна Гора) – Гранд Канарија (Шпанија) 75:70

Барселона (Шпанија) – ЦСКА Москва (Русија) – 76:84

Во четвртокот:

Фенербахче (Турција) – Олимпијакос (Грција) 90:75

Макаби Тел Авив (Австралија) – Панатинаикос (Грција) 84:75

Олимпија Милано (Италија) – Жалгирис (Литванија) 80:70

Реал Мадрид (Шпанија) – Анадолу Ефес (Турција) 92:84

На табелата води Фенербахче со 18 победи / 2 порази, пред Реал Мадрид 16/4, ЦСКА Москва 15/5, Анадолу Ефес 13/7, Олимпијакос 12/8, Барселона 11/9, Баерн Минхен 10/10, Олимпија Милано 9/11 итн.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Read more

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Read more

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more
 

Спорт

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе