Американската вселенска агенција НАСА објави фотографија направена од роверот Curiosity на Марс.
Селфи фотографијата на роверот е дело на камерата Mars Hand Lens Imager (MAHLI) и на научникот Кевин Гил, кој спои неколку фотографии во една.
На фотографијата се гледа роверот и три издлабени дупки. Исто така, видливо е и оштетувањето на средното тркало поради долгото движење низ грубата површина на Марс. Сепак, роверот функционира и НАСА пронајде решение за ублажување на штетата.
Фотографијата го покажува и опкружувањето на Curiosity во кратерот Гејл. Наскоро, на Марс ќе пристигне и роверот Perseverance, неговото пристигнување се очекува во февруари, 2021 година.