Филм & ТВ

„The Current War“: Филм за ривалството меѓу Тесла, Едисон и Вестингхаус

12. јули 2019 - 14:26 | Б.С.Б.

Дали досега сте слушнале за филмот „The Current War“, филм кој го раскажува ривалството меѓу славните Никола Тесла, Томас Едисон и Џорџ Вестингхаус? На 10 јули, на роденденот на Тесла беше објавен нов клип, додека филмот премиерно беше прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто пред неколку години. И, потоа го снема.

Од различни причини филмот дури сега доби датум на премиера, објавени се и неколку постери во последните неколку дена. Главните улоги ги толкуваат Бенедикт Камбербач и Мајкл Шенон, покрај Николас Холт, Том Холанд и Кетрин Вотерстон.

Новиот клип е објавен во чест на роденденот на Никола Тесла. Во филмот Холт ја толкува оваа улога. Тој се соочува против Камбербач како Едисон. Филмот ја раскажува приказната за ривалството меѓу титаните Томас Едисон, Никола Тесла и Џорџ Вестингхаус во доцните години на 19 век.

Премиерата на филмот е закажана за 26 јули.

Интересно за филмот е тоа што за него се откупени сите права, па режисерот Алфонсо Гомез-Рехон доби нова шанса со што филмот е вратен повторно на монтажа. Режисерот додаде пет сцени и ја скрати првобитната должина за 10 минути. Филмот повеќе нема никаква врска со продуцентот Харви Вајнстин, кој се соочува со многубројни обвинувања за сексуално вознемирување. Сега, дел од филмот е Мартин Скорсезе и има сосема нова верзија.

Коментирај