Цветанов: Софија заостанува зад Атина во односите со Скопје

Политичарите кои сакаат да профитираат од постојаните провокации меѓу Бугарија и Северна Македонија можеби ќе имаат краткотрајна добивка, но долгорочно немаат визија и му штетат на доброседството и пријателството меѓу двете земји, смета Цветан Цветанов, претседател на бугарскиот Евро-атлантски центар за безбедност.

Цветанов, во изјава за BGNES вели дека политичарите од Бугарија и Северна Македонија треба да ги надминат несогласувањата, да бидат обединети и да соработуваат, бидејќи како што наведува, денес светот е многу поразличен отколку што беше пред неколку децении.

Тој истакна дека државите од Западен Балкан се стремат да бидат дел од силна и обединета Европа без граници и ограничувања, но предупредува и дека постојат многу земји кои не сакаат Северна Македонија да биде дел од ЕУ и полноправна членка на НАТО.

– Ние сакаме да ѝ помогнеме на Северна Македонија и тука мора да му се оддаде признание на бугарското претседателство со ЕУ, кое ја држеше на агендата темата за Северна Македонија, вели Цветанов.

Но, сепак, според него, Софија заостанува во односите со Скопје, дури и зад Атина која по решевањето на спорот за името гради добри релации со северниот сосед.

– Проблемот е сериозен затоа што Грција која беше многу порезервирана кон Северна Македонија денес има многу подобра основа за градење партнерство со неа, додека Бугарија малку заостанува, рече Цветанов.

Неопходно е, вели тој, да се работи на интензивирање на соработката, што ќе ја зацврсти економијата, безбедноста и стабилноста на целиот регион. Таков проект за развој на регионот, како што посочува, е „Триморие“ во кој се вклучени осум земји меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското Море.

– „Триморие“ е исклучително важен затоа што ни овозможува да спроведуваме проекти што ќе обезбедат безбедност и стабилност на овој регион. Земјите од Западен Балкан се исто така подготвени да се приклучат на тоа во подоцнежната фаза. САД и Германија, кои не се членки на „Триморие“, веќе носат сериозни одлуки за поддршка на оваа иницијатива, рече Цветанов, потсетувајќи дека за време на безбедносната конференција во Минхен, американскиот државен секретар Мајк Помпео, објавил дека Вашингтон ќе го поддржи проектот со една милијарда долари.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе