Д-р Бошкоски: Зголемениот број на заразени е последица на однесувањето на секој поединец

Европа секојдневно бележи рекорден број заразени и починати од COVID-19. Властите во секоја одделна земја применуваат различни рестриктивни мерки со цел спречување на ширењето на заразата. Во голем број европски држави веќе е воведен или се воведува делумен карантин.

Во Германија од почетокот на пандемијата бројот на заразени со COVID-19 надмина милион заболени, во Русија во еден ден беа регистрирани 27.543 заболени што е највисока бројка досега, во Велика Британија, пак, транмисијата на коронавирусот падна на под бројот еден, првпат во претходните два и пол месеци.

Во некои земји има демонстрации поради рестриктивните мерки, додека пак некои држави со масовно тестирање се обидуваат да се борат против коронавирусот.

Според најновите податоци на Светската здравствена организација, вкупниот број на заболени лица се зголеми на над 60 милиони луѓе. Како последица на коронавирусот животот го изгубија над 1,41 милион лица.

Италија беше една од земјите што најсилно беше погодена од коронавирусот на почетокот на епидемијата во март. Над еден и пол милион Италијанци во моментов се заразени со COVID-19, а во еден ден на заразата подлегнаа 822 лица. Во исто време, пак, опаѓа бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега, како и бројот на хоспитализирани.

Италијанската Влада воведе „полу-карантин“, полициски час во повеќе големи области. Баровите и рестораните се затвораат во 18 часот, како и спортските сали, кината и концертните сали. Сега се разгледуваат нови мерки што треба да стапат во сила на почетокот на декември.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, е под голем притисок да ги олабави анти-ковид мерките во регионите каде што епидемиолошката ситуација е најтешка, а во сила е локален карантин. Тој повтори дека анти-ковид мерките нема да се менуваат се додека индикаторот на заразата Rt, не биде под 1. Засега се знае дека од декември, сите кои се враќаат од други земји, ќе мора да останат во 15-дневен карантин.

За состојбата со COVID-19 во Италија и во Северна Македонија разговаравме со македонскиот доктор Иво Бошкоски, научник и гастроентеролог, кој работи на Католичкиот универзитет во чии рамки функционира поликлиниката „Агостино Џемели“ во Рим.

Д-р Бошкоски беше и дел од мултидисциплинарниот тим врвни лекари кои во мај годинава, во екот на пандемијата, во Универзитетската болница „Агостино Џемели“ во Рим, успешно извршија исклучително тешка хируршка интервенција на жолчен канал, со нов иновативен метод со употреба на магнети.

Д-р Бошкоски за МИА вели дека воведениот „полу-карантин“ во Италија ја намалува можноста за трансмисија на вирусот, а во исто време овозможува економијата да оди напред.

– Во моментов во Италија е воведен парцијален карантин – ресторани, кафулиња… Тие се затворени во 18 часот. Полициски час има од 22 до пет часот наутро. Може да се движи во овој период само со лична потврда пополнета на лист (се наоѓа на интернет) од секој што мора да оди во болница, на работа или во аптека. Ваков вид карантин ја намалува можноста за трансмисија на вирусот. Градинки и основни училишта се отворени, додека средните училишта се затворени и наставата е онлајн. Ова е засега случајот со Италија, вели Бошкоски за МИА.

Д-р Бошкоски посочува дека е запознаен со мерките воведени во земјава и оти тоа се мерки што се применуваат во речиси сите европски држави. Подвлекува дека огромниот број заразени во Северна Македонија е производ на однесувањето на секој поединец.

– Огромниот број заразени во Македонија е производ на однесувањето на секој поединец. Вирусот во овој период се пренесува многу лесно, особено поради влажните услови и престојот во затворени простории. Станува збор за потенцијално смртоносен вирус, и треба сите да се однесуваат разумно и да ги следат мерките и препораките на одговорните институции, порачува д-р Бошкоски за МИА.

Посочува дека е во чест контакт со министерот за здравство Венко Филипче за советување за мерките што се преземаат.

– Болницата „Џемели“, во којашто работам, има четворица експерти советници на италијанската Влада и мерките што се воведени во Македонија ни се добро познати, и ги поздравуваме. Тоа се мерки што се применуваат во речиси сите европски држави, додава тој.

Оценува дека за Италија второ затворање ќе биде економска катастрофа, а земјата веќе е во економска криза. Додава дека до пред еден околу месец во болниците речиси немало места за сите, а полесните случаи ги праќале во хотели каде што се регрутирал нов персонал.

– Проблемот е тоа што со години се кратеа трошоците за здравството и ова што го гледаме сега е продукт на тие рестрикции практично со секој буџет. Во март кога избувна епидемијата буквално немавме маски да се бориме со неа, така што голем број лекари се заразија и умреа, како и медицински сестри и технички персонал, вели д-р Бошкоски за МИА.

Посочува дека доколку имало епидемиолошки планови, во март Италија поедоноставно ќе се изборела против ваква епидемија.

– Поради кратењата на сите медицински средства, во март буквално немавме маски. Доаѓав на работа, ни даваа по една хируршка маска, цел ден со пациенти со COVID-19. И не знам колку лекари се заразија, колку медицински сестри испоумреа и технички персонал. И тоа во една богата држава, рече д-р Бошкоски.

Според него, поради сегашната преоптовареност на здравствениот систем сега Италијанците се соочени со смртност од други болести, бидејќи поради страв дека ќе се заразат или од неможноста на лекарите да им посветат внимание, трпи нивната здравствена состојба. Кај многу Италијанци, вели д-р Бошкоски, прогресираа и болестите на пациентите кои не одат на редовни контроли. Посочува дека во наредните години ќе се види сликата од оваа состојба, од неможноста на санирање на тие случаи. Предупредува и дека се поголемиот број лажни вести за непостоењето на вирусот нанесуваат огромна штета врз целокупната ситуација со пандемијата, особено врз медицинарите.

Вели дека и покрај вакцината, од маските нема да се ослободиме минимум уште една година, и тие треба да станат дел од нашата култура, во спротивно, посочува, доколку не се носат маски и не се почитува физичката дистанца, без да се намали квалитетот на животот, повторно ќе се соочиме со катастрофа.

– Сметам дека во вакви околности задолжително носење маски на отворено (и на затворено) доколку член од семејството има какви било симптоми, или работа со други лица) е знак на цивилизација и културен напредок на човештвото. Носењето маски и честото миење раце е есенцијално за запирање на прогресијата на вирусот, дециден е д-р Бошкоски.

Доволно е, истакнува, сите да носат обична хируршка маска за да се стопира ширењето на вирусот. – Во прилог е мојата научна статија објавена во Gastrointestinal Endoscopy, журнал на American Society of Gastrointestinal Ednoscopy, каде што имаме докажано дека хируршките маски се најдобра заштита и еквивалентни на FFP2, N95 итн…, вели тој.

Во врска со пост мортем тестирањата за присуство на коронавирус, иако на пример пациентот боледувал од друга болест, вели дека е правилна таа методологија, најмногу за да се види мрежата на контакти (лекари, сестри, членови на семејството) и да се блокира понатамошното ширење на вирусот.

Д-р Бошкоски за МИА истакна дека во нивната болница за лекување на пациенти со COVID-19 се користи антибиотик, клексан, кортизол, во зависност од клиничката слика на пациентот. Се препорачува и земање витамин Д (да се внимава на предозирање), како и цинк, витамин Ц и слично.

Подвлекува дека вирусот сите ги погодува, и оти не е правило смртните случаи да имаат коморбидитети.

– Нема правило. Вирусот сите подеднакво ги погодува. Зависи од имунолошкиот систем на секој поединец. Се разбира дека постарите лица и лицата со коморбидитети се покревки, ама имаме и премногу случаи на млади лица и под 25 години и спортисти, посочува д-р Бошкоски.

Заклучува дека се додека нема масовно вакцинирање мора да се придржуваме до мерките за заштита. Во спротивно, вели, трет бран е неизбежен.

реклама

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција

Read more

Која храна е најштетна за цревата?

Read more

Девојката која се изживуваше врз животни во ЗОО Скопје уште не се извинила, не ѝ бега пријава во полиција

Read more

Колку соларни панели му се потребни на едно домаќинство?

Read more

Македонија

Нови 436 случаи, седум починати, 321 оздравен ковид пациент

Read more

МЗ: На Инфективна почина 17-годишна пациентка заболена од COVID-19

Read more

Вo недела почнува зимското сметање на времето

Read more

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција

Read more
 

Вести

Нови 436 случаи, седум починати, 321 оздравен ковид пациент

Читај повеќе

Три лица извршиле обљуба врз девојка од Крива Паланка

Читај повеќе

МЗ: На Инфективна почина 17-годишна пациентка заболена од COVID-19

Читај повеќе
  • filter

Москва под локдаун: Низ градот само луѓе во заштитни одела кои ги дезинфицираат улиците

Читај повеќе

Вo недела почнува зимското сметање на времето

Читај повеќе

Борисов: За Бугарија да ја поддржи Северна Македонија, бугарското малцинство треба да биде во Уставот

Читај повеќе

Приведен битолчанец за издржување казна затвор

Читај повеќе

Претрес во Струга, пронајдено оружје

Читај повеќе

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција

Читај повеќе