Д-р Гроздановска: AstraZeneca е една од најбезбедните вакцини, нема потреба од паника

„AstraZeneca претставува една од најбезбедните и најквалитетните вакцини која е дадена во најголем број дози на светска популација“, изјави на денешниот брифинг организиран од Лекарската комора, професорката на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, д-р Александра Грозданова, која е и претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство.

Таа нагласи дека нема потреба од создавање паника кај сите лица кои ја примиле вакцината на AstraZeneca и посочи дека само во Велика Британија има над 17 милиони дадени вакцини од оваа компанија.

– Најпрво беше препораката AstraZeneca да не се дава кај постарата популација над 65, тоа беше во јануари некаде, оваа препорака потекна од таму што во клиничките испитувања што ги имаше оваа вакцина не беа вклучени доволен број на популација над 65 години и кога вие не вклучувате во клинички испитувања трудници или доилки или други категории, вие едноставно немате податоци за безбедноста и ефикасноста на таа вакцина кај во овој случај псотарата популација. Но, вакцината почна да се дава и се виде дека има одличен безбедносен профил и таа препорака многу брзо прекина да важи и почна да се дава и кај постарата популација, појаснува Гроздановска.

Овие нови сознанија што се појавуваат последните десетина дена кои се темелат на бројките на тромбоични промени, односно несакани реакции што се случуваат се кај популацијата под 60 години и тоа, како што вели, потекнува од неколку држави.

– За AstraZeneca на 15 март, 13 земји во Европа кратковремено прекинаа давање, со цел да се разјасни оваа состојба. Почнувајќи од Норвешка, првите случаи беа таму, па во Данска, потоа пријави Австрија значи се од ваков тип на тромбоични промени кај популација помлада од 60 години. Германија во понеделникот излезе со јасен став дека бројот на инциденцата на појава на оваа состојба во однос на бројот на дадени дози претставува доволен алармантен сигнал за времено прекинување на давање на таа вакцина кај оваа популација, истакна Гроздановска.

Но, додава таа, кај истата таа популација, инциденцата на појава на овие заболувања, односно овие компликации е многу пати поголема кај популација која не е вакцинирана.

– Ние имаме популација која носи веќе предиспозиција за развој на такви заболувања. Во моментов, од денеска е најново дека сега препорачуваат само една доза од AstraZeneca кај пациентите што ја примиле првата, а се во групата под 60 години, но токму оттука е нашата мала претпазливост, додека се расчисти оваа стиуција, се обративме до ЕМА, ЕМА имаше еден комитет за безбедност, мислам дека на нас воопшто не ни се пореметув планот бидејќи ние тргнавме со постарата популација. Тргнавме со 77 и AstraZeneca сега ја даваме надоле, ќе дојдеме некаде до 65 и тука сме комплетно безбедни, нагласи Гроздановска.

Таа појасни дека ист модел на дизајнирање на вакцината претставува и AstraZeneca и Sputnik V, тоа се двете аденовирусни вакцини, единствена разлика е што AstraZeneca користи вирус вектор од шимпанзо, од аденовирус од шимпанзо, а Sputnik V користи хумани аденовируси.

– Меѓутоа, тоа не ја објаснува оваа симптоматологија на настани и мислам дека од она што ние во научните кругови го гледаме е дека степенот на пријава на овие инциденци е поголем од два фактори, заради тоа што AstraZeneca се дава многу помасовно и затоа што следењето на несаканите реакции особено на ниво на ЕУ каде што е приоритет следењето на безбедноста е многу потемелно. Секој еден пријавен случај се детектира и е забележуван, посочи д-р Гроздановска.

Таа додаде дека во овој период одлучиле, во овие неколку дена да одат со вакцинација на постарата популација, со оваа вакцина, бидејќи, како што рече, тоа беше според националниот план. Дополнително ќе чекаат потврда од различни регулаторни тела да видат навистина колкава е инциденцата.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе