Д-р Кунгуловски: Британскиот сој на коронавирусот веројатно ќе стане доминантен

Треба да бидеме внимателни, да поимаме дека британскиот сој циркулира кај нас, дека поради неговите веќе откриени особености најверојатно ќе стане сè подоминантен и да бидеме во постојан мониторинг со воведување нови методологии. Се надевам дека многу лесно ќе биде да се имплементираат вакви методологии и во другите лаборатории. Потребна е само меѓусебна комуникација меѓу лабораториите со сите релевантни институции за методологија која ги селектира тие суспектни изолати за новиот британски сој кои би се детектирале со таков пристап.

Ова денеска го изјави д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“, кој рече дека препораката од СЗО и Европскиот центар за контрола на заразни болести е барем пет отсто од сите позитивни изолати да се секвенционираат со цел утврдување на промената на соевите, а тоа ќе биде релевантно за самите стратегии за сузбивање на пандемијата, на пример дали ќе треба да се преземат порестриктивни мерки, бидејќи многу полесно се пренесува, дали ќе има влијание врз ефикасноста на вакцините.

– За неколку месеци овој британски сој, бидејќи многу полесно се пренесува од претходните соеви, ќе стане доминантен и во државава и во многу земји. Овој вирус еволуира многу побавно и најверојатно нема да има потреба од сезонска вакцина. Се смета дека се пренесува за 70 отсто побрзо од претходните соеви, односно доколку требало да се заразат десет луѓе ќе се заразат 17 луѓе. Иницијално излегоа податоци дека нема влијание врз смртните исходи, но сега излегуваат податоци за кои треба да се направат и подетални студии, не сакаме да креваме паника, има некои индикатори дека благо е зголемена и смртноста за 30 отсто. Но, за тоа да стане факт треба подетални студии кои ќе бидат рецензирани од експерти за да се излезе со таа информација, посочи д-р Кунгуловски.

Тој рече дека засега податоците покажуваат оти новите соеви немаат поголемо влијание врз ефикасноста на вакцините, барем на RNK вакцините. Затоа, појасни, треба да бидеме во еден постојан мониторинг и во една постојана фаза на внимателност.

– Сега би оделе со поинаков пристап кога би секвенционирале, би оделе на попроизволно тестирање, бидејќи сега сакаме да знаеме процентуално колку од тие пациенти се носители на британскиот сој, а не селектирано, не таргетирано, а колку на другите соеви и тоа во единица на време во наредните неколку месеци да следиме дали таа превеленца се менува или не односно дали британскиот сој станува доминантен или не. Досега се детектирани илјадници мутации во коронавирусот и најголем дел од нив се неутрални и немаат никаков ефект, некои го ослабуваат некои ги менуваат неговите особености, рече д-р Кунгуловски.

Во врска со детектираната мутација на британскиот сој на коронавирусот кај 46-годишен маж кој веќе е оздравен, а за која вчера информираа од Клиниката „Жан Митрев“, рече дека морало да има некаков контакт за да се пренесе вирусот.

– Дали пациентот знаел за тој контакт или не знаел тоа останува на епидемиолозите да го утврдат, но многу е поимливо дека од некаде се заразил, дали е донесено преку патување во странство, дали при контакти со луѓе кои биле во странство или вирусот циркулирал недела две три претходно тоа не знаеме, бидејќи немаме доволно податоци. Според сознанијата пациентот бил со средна слика, тој е оздравен без никакви проблеми засега, тоа е добар знак, но тоа е еден индивидуален пациент. Ни требаат податоци за стотици или илјадници пациенти позитивни за новиот и за старите соеви за да направиме релевантна споредба на тие податоци и да излеземе со поверодостојни тврдења, рече д-р Кунгуловски.

Според информациите, посочи тој, вакцините функционираат доволно добро и кон новите соеви на вирусот. Додаде дека при студиите се утврдило дека вакцините кои се неверојатно добри ги поминале сите фази на студии, имаат солидна ефикасност и ја неутрализираат појавата на сериозна болест при инфекција со коронавирусот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе