Д-р Кунгуловски: Носењето маски на отворено, каде што нема висока концентрација на луѓе, е тотална глупост

Владата на Република Северна Македонија на 11-тата седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, со исклучоците кои опфаќаат спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт со приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство, во угостителските објекти со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, при престој во службена просторија – канцеларија ако лицето е само во просторијата, како и за децата до 6 години, односно за деца од претшколска возраст.

„Нема потреба да се препорачува нова рестрикција. Ние претходната недела препорачавме три мерки. Тоа го имплементираат и другите европски земји. Ако се носат маски на отворено, ќе се намали бројот на заразени“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на 14 октомври.

Филипче се надева дека Собранието следнава недела ќе го изгласа и законскиот пакет кој ќе овозможи да се наметне обврската за носење заштитни маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за домашни собири.

Оправданоста на носењето заштитни маски на отворено стана спорна тема во стручната и широката јавност, со спротиставени мислења од многу страни.

Д-р Горан Кунгуловски, чие мислење во врска со тестирањето за COVID-19 и враќањето во „нормала“ ви го пренесовме пред неколку дена, сега повторно се огласи на темата.

Д-р Кунгуловски е биоинженер кој работи во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, како дел од клиниката „Жан Митрев“ и компанијата „Биоинженеринг ДОО“. Тој е еден од основачите на Наука за сите, каде повремено пишува и аргументирани мислења.

Тој сега ја аргументира неоправданоста на мерката за задолжително носење заштитни маски на отворено, како и важноста од едукација на населението за правилно користење на маските.

Носењето на маски во затворени простории, невентилирани простории, места со голема концентрација на луѓе и слично е една од најдобрите стратегии за намалување на пренесувањето на коронавирусот SARS-CoV-2 и сите останати сезонски вируси коишто следуваат. Докажано е преку експерименти и модели дека индивидуалното и колективното носење на маски ја намалува веројатноста на една индивидуа да зарази друга и статистички таа индивидуа да зарази трети индивидуи. Значи носењето на маски има значаен ефект и поради тоа нѐ заштитува сите, смета д-р Кунгуловски.

„FFP3, FFP2, N99, N95 имаат за цел да го заштитат носачот на маската и тие околу него. Хируршките маски имаат за цел донекаде да го заштитат носачот и генерално се користат за заштита на другите од самиот носач на маската. Платнените се најверојатно подобри од ништо, ама во споредба со горенаведените најверојатно имаат помал бенефит. И кога носењето на маски има научна, медицинска и општествена вредност треба да се охрабрува. Во затворени простории, невентилирани простории, места со голема концентрација на луѓе, места кадешто луѓето подолготрајно се задржуваат“, појаснува тој.

„Но носењето на маски на отворено, каде што нема висока концентрација на луѓе, кадешто нема долготрајна концентрација на луѓе е тотална глупост. Нема никаква научна основа, нема никаков здравствен бенефит (освен што можеби како шалче ќе ни ги топли лицата зимоска), туку само директно и непотребно ги нарушува слободите на граѓаните. Единствен начин кога е прифатливо слободата да се намали или наруши (да се направи trade off) е кога во прашање се доведува животот и здравјето на индивидуите во едно општество. Носење на маски на отворено, не е тоа“, дециден е д-р Кунгуловски во неговата објава на социјалните мрежи.

Наместо да се носат мерки „ради реда“, смета тој, треба фокусот да биде на едукација и спроведување на тековните. Според него, секој граѓанин треба точно да знае: кој тип на маска, каква функција има; како се става, како се вади маската; правилно носење на маските - носење на маска под уста или под нос не е носење маска, еквивалент е на неносење на маска, нагласува тој.

Д-р Кунгуловски исто така потенцира дека граѓаните треба да се едуцираат каков тип на маска како заштитува, како се пере или фрла. Тој исто така предлага дека „луѓе со PCR негативен тест не постар од 24-48 часа не треба да се казнуваат за неносење на маска“.

„Треба работите да се прават функционално за да имаат ефект, а не декларативно како што сега се прават. И најбитно, да правиме разлика меѓу колективна свест и удирање во слободите. Аргументот за менталитот на Македонецот не држи вода. Ако добро се спроведува некоја мерка, ќе има ефект“, заклучува Кунгуловски.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе