Д-р Кунгуловски за враќањето во нормала од COVID-19: Не велам дека е лесно, велам дека е возможно

Бројот на активни случаи со COVID-19 во државава изнесува 3.996 од кои најголем број – 1.802 се во Скопје, покажуваат податоците за состојбата со вирусот, што вчера ги соопшти Министерството за здравство.

Најголем број активни случаи по општини во Скопје има во Аеродром – 338, а по него следат Центар – 328, Карпош – 317, Кисела Вода – 209,  Гази Баба – 171, Ѓорче Петров – 154, Чаир – 89, Бутел – 70, Илинден – 31, Сарај – 16, Шуто Оризари – 13, Сопиште – 12, Петровец – 6, Арачиново – 4, Чучер Сандево – 4, Студеничани – 3, Зелениково – 3, 14 се странци, а 20 нераспределени.

Институтот за јавно здравје констатираше дека во периодот од 5 до 11 октомври зголемен е бројот на заболени и починати од COVID-19 во земјава.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека во овој момент освен препораките од минатата недела нема потреба од други дополнителни рестрикции.

„Во текот на минатата недела препорачавме да нема собири со повеќе од четири лица после 22 часот, да нема собири со повеќе од четири лица во домашни услови, нешто што го имплементираат и други европски земји и препораката за носење маска на отворено заради тоа што сметаме дека тоа е мерка што ќе влијае да се намали овој бран со кој сега се соочуваме“, рече Филипче.

Владата на вчерашната 11-та седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, за забрана за групирање во домови на семејни прослави, како и предлогот да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22:00 часот, при што заклучи дека за нивна реализација е неопходно да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Додека и експертите и широката јавност даваат мислења за тоа колку е алармантна ситуацијата со коронавирусот, но и во која насока и колку брзо се движиме кон влошување или подобрување на епидемиолошката состојба, д-р Горан Кунгуловски даде свој осврт.

Д-р Горан Кунгуловски е биоинженер кој работи во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, како дел од клиниката „Жан Митрев“ и компанијата „Биоинженеринг ДОО“. Тој е еден од основачите на Наука за сите, каде повремено пишува и аргументирани мислења.

Неговото мислење за актуелната ситуација со COVID-19 во земјава, објавено на социјалните мрежи, ви го пренесуваме во целост:

Како да ја добиеме најреалната слика за заболени со коронавирус, а притоа да почнеме да се враќаме во нормала со отворени школи, универзитети, кафичи, дискотеки, концерти и слично? Одговорот е помасовно тестирање плус некои други работи, барем според мене.

1. Да се направи лабораторија што ќе може да прави минимум 10.000 тестови за 24 часа. Истата е возможно да се направи за еден месец. Плус една недела за валидација. Да биде скоро целосно автоматизирана. Потребен е персонал од 4-5 луѓе по смена. Teстовите да бидат покриени од ФЗОМ. Не е премногу комплицирано.

2. Да се направат пунктови и инфраструктура за земање на брисеви. Триесетина вакви се доволни за цела Македонија, сите треба да земаат по 300-350 брисеви дневно. Потребен е персонал од околу 75 луѓе за земање на брисеви. Може да биде медицински персонал, може да бидат студенти по медицина, фармација и слично. Не е премногу комплицирано.

3. Да се направи лабораториски систем за конекција на баркод со идентификација на пациент во лабораторијата. Лаборантите не ги знаат имињата на пациентите, туку само нивните баркодови. Целиот процес е автоматизиран. Пациентот може да го следи резултатот онлајн и да добие нотификација кога ќе биде готов. Не е премногу комплицирано.

4. Да се направи софтверски систем кадешто уникатниот резултат со баркод ќе може да се отчитува во секоја установа, школо, универзитет, кафуле, дискотека. Не е премногу комплицирано.

Што е добивката од ова?

1. Во рок од 1 месец, ќе бидеме во можност да ја тестираме 15-20% од популацијата на Македонија барем еднаш. Ќе откриеме голем број на позитивни случаи коишто ќе бидат во изолација. Ќе ја знаеме горе-доле реалната состојба во нашата држава.

2. Ако овие пунктови се наоѓаат на паркинзи, пациентите ќе доаѓаат на пунктот, а не обратно. Контактот меѓу медицинскиот работник и пациентот ќе биде минимален. Неефективно е медицински персонал да ги посетува домовите на пациентите како што се прави во некои случаи сега.

3. Ќе се следат процесите автоматизирано, а не како досега. Роботи и компјутери ќе ги извршуваат најголем дел од процесите.

4. Ако уникатниот баркод од резултатот може да се отчитува во секоја установа, ресторан, кафуле, тогаш ќе може да одржуваат настани од секаков карактер, само со потврдени PCR негативни граѓани. Ако предуслов за да влезеш во кафана е PCR негативен тест покриен од државата, со трчање ќе направиш. Животот ќе може да се враќа во нормала. Времетраењето на негативниот резултат ќе биде 48 часа. Секоја злупотреба и фалсификување на резултат од страна на граѓани и установи да резултира во драконски казни (финансиски и затворски).

Предноста е што Македонија е мала Земја и вакви концепти може полесно да се спроведат доколку се сака. Не велам дека е лесно, велам дека е возможно. Не велам дека е перфектно, велам дека веројатно ќе биде подобро од тековното.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе