Д-р Митов: Не пристапувајте „секташки“ на промените во начинот на исхрана

Здравиот начин на живот може да има различна дефиниција за различни луѓе. Може да направите огромни промени, без да забележите промени, а некогаш и најмалата промена може да направи голема разлика по вашето здравје.

Токму на темата здравје и здрави навики разговаравме со д-р Александар Митов, магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето. Неговиот пристапен метод на комуникација со јавноста преку социјалните мрежи на теми на кои сѐ поретко разговараме и со нашите матични лекари, и секако неговата стручност и непосредност беа само причини повеќе да поразговараме со него.

Д-р Митов дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје како првенец на генeрацијата, со просек 9,9. Магистрирал јавно здравје на кипарскиот институт на Harvard School of Public Health како валедикторијан, со највисок просек во генерацијата (3,9/4). Потоа завршил магистерски студии за животна средина во Кембриџ, Велика Британија, како член на престижниот колеџ St. John’s и стипендист на фондацијата Пексим.  Од 2012 година до 2017 е Советник за здравство на Претседателот на Владата на Република Македонија, а беше и главен стручен консултант на кампањата за здрава храна на Владата на РМ, „Здравјето е избор!“. Преку многубројните настапи на медиумите и социјалните мрежи, како и преку сопствената емисија „Д-р Митов советува”, тој се труди да придонесе кон подобрување на јавното здравје во Македонија.

Последните години интензивно работи со пациенти со цел да успеат да ги променат своите навики и преку поздрав животен стил да стекнат подобро здравје. Следејќи ја медицината основана на докази, но и природните интервенции за кои има доволно убедливи научни студии, д-р Митов има сеопфатен пристап во третманот на хроничните болести. Тој работи индивидуално со пациенти, како и општествено – со цело население. Поединечната работа, еден на еден, Д-р Митов ја остварува преку консултации со пациентите. Целта е да ги води низ промена на животниот стил што има директен бенефит за конкретната здравствена состојба во која се наоѓаат. Општествената работа на д-р Митов е позната на сите: настапи на сите медиуми, јавни предавања, пишува текстови на социјалните мрежи и се труди да влијае на создавање здрави навики кај што поголем број граѓани.

„Да ги лекуваме причините, не последиците!“ е мотото по кое работи д-р Митов.

Што е тоа „лаjфстајл медицина”?

Лајфстајл медицина, или медицина на животен стил (lifestyle medicine) е всушност основата на работата на д-р Митов.

Тоа опфаќа промени во начинот на исхрана, степенот на физичка активност, природни додатоци во исхраната, менаџирање на стресот и доволно спиење.

Целта на лајфстајл медицината не е само краткорочен режим или диета, туку трајно менување на животните навики кон подобро!

Многу луѓе мислат дека водат релативно здрав живот, а всушност многу од нивните навики се контрадикторни. Други прават екстремни промени во начинот на живот, а со тоа и начинот на исхрана, без да проучат и проверат дали тоа ќе им годи. Кое е вашето искуство со пациенти кои направиле екстремни промени во исхраната (веганска, кето и слично), со и без претходна консултација со лекар?

-Здравиот живот започнува со „здравата" информација. Човек може максимално посветено да следи погрешен начин на исхрана, а притоа да е убеден дека е спротивно. Затоа, ако нешто најнапред би сакал да истакнам, тоа е дека е важно како и од кои извори се информираме за нашето здравје, што е здраво, а што не. Ако тоа е добро направено, ние сме завршиле од старт 70% од работата, потоа останува само доследна имплементација.

Но, тука има голем проблем: преголемиот број информации за тоа што е здраво. Не е лесно човек да се снајде низ таа шума од спротиставени тврдења, но со постепено истражување, трагање по релевантни извори и споредување на наодите, можно е да се дојде до вистинската информација.

Тоа што навистина не им помага на луѓето е кога кон било кој начин на исхрана ќе пристапат „секташки". Моето чини, сѐ друго не е точно. Е само тоа е безнадежна ситуација и тука нема поправање.

Екстремните промени во исхраната, за жал, не би можел да ги ставам во еден кош: некои од нив се релативно поздрави од останатите. Но, дури и таму човек треба да има научен, а не секташки став за да може правилно да ги спроведе. Пример, веганската исхрана може да биде многу здрава, но човек треба да е свесен дека има реални шанси да се појават дефициенции (недостатоци) доколку не се организира правилно и не земе одредени суплементи (пред сѐ мислам на витамин Б12). Затоа, пред било каква промена во исхраната, мој совет би бил: читајте, читајте, читајте и во ништо не се внесувајте слепо и со 100%..

Што е со промените во исхрана поради здравствени проблеми? (хормонален дисбаланс, срцеви болести...)

-Тука веќе, според мене, мора да се советуваат со лекар пред да почнат со било што. Ајде целосно здрав човек и да се нафати да менува нешто нагло, може и ќе помине добро без да консултира стручни лица. Но, кога веќе има одреден здравствен проблем, тогаш никако не препорачувам да се почне без совет од стручно медицинско лице. За жал, имам видено големи грешки во вакви ситуации: на пример, на човек со предијабетична состојба да му се даде совет половина ден да јаде само овошје.  Големиот прилив на шеќер, макар и од природно потекло, кај тие пациенти е доволен да ја влоши состојбата и да го турне пациентот уште подлабоко кон дијабет. Затоа, постои ли здравствен проблем, според мене, не треба да се ризикува со експерименти без да се следи струката.

Како да одредиме кој тип на исхрана најдобро ни годи нам и на нашите потреби?

-Општо земено, науката е јасна дека медитеранскиот начин на исхрана е најздравиот. Секако, има варијации и специфични состојби кои ќе бараат одредени прилагодувања, но сето тоа е можно во рамките на самиот поширок концепт на медитеранската исхрана.

Водењето грижа за себе и за своето здравје неизбежно значи и редовни лекарски прегледи, навика што се чини за жал ја губиме, со исклучок на оние кои добиваат редовни систематски прегледи преку работните организации. Колку често препорачувате да се прават различни општи и специјалистички прегледи во однос на полот, возраста, начинот на живот?

-Без да навлегувам во детали за тоа од која возраст кои превентивни тестови и прегледи се препорачуваат (темава е многу широка) ќе кажам само едно: матичните лекари се целосно опремени со ова знаење и може максимално добро да ги советуваат своите пациенти за тоа какви тестови треба да направат.

Значи, пораката ми е многу едноставна: слушнете се својот матичен лекар, видете се, поразговарајте, создадете си навика барем еднаш до два пати во годината да го побарате и без да имате некаква итна медицинска потреба или заради препишување на некој рецепт. Во Македонија квалитетот на примарното здравство (матичните лекари) е на добро ниво, и треба како пациенти да го користиме тој момент за наше добро.

Дали е точен оној урбан мит дека телото „магично“ драстично се менува после 30-тата година? Стануваме поуморни, подолго ни траат настинките и мамурлаците, потешко се опоравуваме од физичка активност, поупорни се вишокот килограми и масните наслаги... Која е причината? Која е вашата препорака во поглед на промени во начинот на живеење?

-Нема таква граница. Сите промени во нашето тело се етапни, постепени и ден за ден - неосетни. Напротив, и ако има некој момент на промена, тој настанува многу подоцна. Нашите тела се многу благодарни: колку се посветуваме повеќе на нив, толку подобро ќе ни возвратат. Затоа, годините нека не ни служат ни како изговор, ниту како оправдание - секој може да почне од утре да живее барем за нијанса поздрав живот, и тоа треба да го направи, без разлика на возраста.

Според вас, колку е важна психичката, ментална и духовна состојба во справувањето со вишокот килограми на различна возраст?

-Извонредно ретко зголемената телесна тежина е изолиран проблем. Има работи и што водат кон него , но и такви кои потекнуваат од него. Самодовербата, начинот на кој самите се перцепираме и како самите разговараме со себе си - сите тие се многи тесно поврзани со нашето вкуно здравје, па и со телесната тежина.

Пример, почнете ли обид за намалување на тежината, а притоа имате стартен став дека нема шанса да успеете - вие навистина и нема да успеете. 

Кажете и нешто повеќе за Facebook предизвикот за помош за откажување од цигари.

-Решив да помогнам колку што можам сам, преку предизвикот кој ќе се случува на Facebook во текот на месец септември. Целта ми е едноставна: да мотивираме и да подржиме што повеќе луѓе да се откажат од цигарите. Некои ќе го прават само првиот чекор, ќе ја разгледуваат можноста, други ќе се информираат, трети ќе се дадат во акција и ќе направат реален обид. Веројатно е и дека многумина ќе успеат бидејќи имавме над 2.000 пријавени. Вакви предизвици ќе правиме реално и со цел да се бориме со најголемиот здравствен проблем во нашата земја - пушењето.

Неизбежна е темата на пандемијата со COVID-19. Според вас, кои се најчестите митови и заблуди во врска со коронавирусот и неговото пренесување кои прават непоправлива штета?

-Мене ми е многу жал што се создаде многу негативна енергија околу болеста во смисол на понатамошна поделба на општествата и користење на болеста како аргумент во други расправии. Штетата од тоа ќе биде платена со човечки животи. Оваа пандемија ни го истакна моментот колку е важна едукацијата за здравјето. Друго што истакна е големиот степен на недоверба кој владее во општествата. Сето тоа е таложено со години, можеби со децении, и сега „брзата вода" го крена сметот што бил насобран и ни го покажа на сите: дупки во образованието, недоверба кон институции, нарушен морален  компас... Тука, пак ќе речам, не треба конфронтација, туку едукација.

Но, да не заборавиме дека за неколку месеци, па макар и година, темата Ковид ќе се тргне од централното место. Ќе зборуваме ли тогаш за дијабетот, за срцевите заболувања, за мозочните удари или ракот - за ГЛАВНИТЕ причинители на смртноста и кај нас и во светот?

Од цела криза со пандемијата произлегоа многу негативни работи, но се надевам дека ќе сме доволно мудри да имаме увид и во позитивните, и да ги искористиме за да имаме подобро здравје потоа, и како поединци, и како нација.

реклама

Долго чувана тајна: Србите погодиле и втор F-117 за време на бомбардирањето на НАТО

Read more

ЦИА објави загатка: Можете ли да погодите колку е часот?

Read more

Портали со стари вести за починати од COVID-19 шират паника и вознемиреност во јавноста

Read more

Дали сè уште го загревате моторот на автомобилот „во лер“?

Read more

Интервју

Д-р Митов: Не пристапувајте „секташки“ на промените во начинот на исхрана

Read more

[Кајгана интервју] Александра Јанева: Настапите се дел од мене, сега кога ги нема чувствувам празнина

Read more

Интервју со Lide Lide, најголемиот фан на Венко Филипче

Read more

[КАЈГАНА интервју] Себастијан Ерера - наскоро колумбиски шмек во репрезентацијата на Македонија?

Read more

Ново

Најавена и автомобилска трка на Месечината

Читај повеќе

Сејдини: За карти за ЕУРО 2020 ФФМ ќе им даде предност на медицинските лица

Читај повеќе

Нов „предизвикан“ земјотрес регистриран во Стразбур

Читај повеќе

Во ковид-центрите има 160 слободни кревети, хоспитализирани 1.268 лица

Читај повеќе
  • filter

Уапсена египетска инфлуенсерка поради фотосесија во Гиза

Читај повеќе

Нови 1.100 случаи со COVID-19, 585 оздравени, 30 починати

Читај повеќе

Разбиена мрежа за шверц на тутун и проституција меѓу Бугарија и Франција

Читај повеќе

Наполи официјално го преименува стадинот во чест на Марадона

Читај повеќе

Мицкоски: Од Комисијата има признание дека се преговора за идентитетот

Читај повеќе