Да, ова е Porsche и чини неверојатни 364.900 евра

Без разлика кој бренд е и колку е опремено, тешко е да се поверува дека едно комбе вреди 364.900 евра, особено ако се работи за Volkswagen Transporter. Но, овој примерот е исклучок.

Станува збор за Porsche што го крие во „руво“ на VW Transporter и што е многу ретко. Приказната за ова комбе започна во 1985 година кога на инженерите на Porsche им требаше брз начин за транспорт на резервни делови за рели моделот 959 за време на релито Париз - Дакар. Бавниот Volkswagen T3 не доаѓаше предвид бидејќи не можеше да биде во чекор со брзото рели, поради што Porsche реши да направи модификации.

Најважната промена е вградувањето на 6-цилиндарски мотор позајмен од Porsche 911 3.2 Carrera, кој развиваше 228 КС и дозволуваше максимална брзина од 185 км/час. Силата се испраќаше до задната оска преку менувач на Porsche, а новата суспензија и помоќните сопирачки ги комплетираа механичките подобрувања.

Визуелно, B32 се одликуваше со комплет од 16-инчни Fuch фелни, дополнителни странични отвори за ладење на моторот, поголема издувна цевка, внатрешност обложена со кожа, лого на Porsche на воланот, дополнителни копчиња во долниот дел на централна конзола и други детали.

Се верува дека само седум примероци од моделот VW T3 B32 се произведени во работилницата на Porsche во Велшерат, а еден од нив се продава во Porsche Classic Center Gelderland во Холандија. Станува збор за копија специјално направена за Петер В. Шуц кој во тоа време беше директор на Porsche. Затоа неговата вредност е поголема во однос на останатите шест.

Според информациите за комбето има сериски број на Porsche и во германската документација е класифицирано како возило на Porsche. Произведен е во 1985 година, но е регистриран дури во јули 1988 година. Досега има поминато 130.770 километри и е во добра состојба и покрај староста, но му треба одржување.

Цената на комбето е 364.900 евра.

Погледнете го од секој агол во нашата ГАЛЕРИЈА.

Remote video URL
Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе