Да си немаш работа со мечка
Еден канадски ловец имаше голема среќа да преживее екстремно опасна средба со црна мечка.
Ричард Весли бил на лов во Онтарио кога забележал голема црна мечка во непосредна близина. Отпрвин изгледа како мечката да не е свесна за неговото присуство, но откако ќе се втрча кон него ловецот се обидува да ја исплаши со звуци, па дури и успева да ја удри во лице. За среќа, средбата минала без повредени.