Да ти нацртам: Што значи безбедна дистанца од 2 метра?
Социјалното дистанцирање од два метра е еден од најефикасните начини да се заштитите од зараза со COVID-19, заедно со носењето маска и честото миење раце.
Ширум Обединетото Кралство, на пример, препорачаната дистанца варира од 1 до 2 метра, но сепак граѓаните се советуваат да се држи што е можно поголема дистанца, да не се разговара лице в лице, да се престојува на отворено...
Дистанцата од 2 метра се чини не им е јасна на сите или пак немаат голем осет за просторна оддалеченост, па BBC решија да покажат, народски кажано, да ви нацртаат, како тоа изгледа во пракса.