Дачиќ за барањето за признавање на МПЦ: Очекуваме Вселенскиот патријарх да биде против

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави денеска, по повод барањето на претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски до Вселенскиот патријарх Вартоломеј да ја признае Македонската православна црква (МПЦ), дека постои начин да се разговара за тоа и оти „попречните патишта“ не придонесуваат за добрите односи меѓу двете земји.

Како што јави допсникот на МИА од Белград, Дачиќ потсети дека неколку пати зборувал за тоа дека е можно да се разговара за односите меѓу двете земји, но дека не е можно да се зборува на државно ниво за областа на религијата и црковните заедници кои имаат свои правила.

– Ние сакаме да биде постигнат договор, но сигурно мора да ги почитуваме правилата на Православната црква, а исто така очекуваме и од Васеленскиот патријарх да биде на таа страна, како што се изјасни против создавањето на т.н. Црногорска православна црква, изјави Дачиќ, одговарајќи на прашања на новинарите во Белград.

Провладините Вечерње новости со наслов „Удар на СПЦ од Скопје: провокација наместо дијалог“, пишува дека барањето упатено до седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул „е нова иницијатива на Скопје надвор од древните правила во православието за постигнување независност на својата црква, која од нејзиното основање во 50-тите години од минатиот век работи како расколничка организација“.

– Во оваа жива дипломатија меѓу Скопје и Фанар, оние кои се запознати со глобалните православни трендови ја препознаваат намерата на Северна Македонија да го искористи конфликтот меѓу Цариградската и Московската патријаршија за украинското црковно прашање и во атмосфера на меѓуправославни тензии да постигне црковна независност. Сепак, Руската црква повеќепати го повтори својот принципиелен став дека прашањето за стекнување независност на црквите мора да се реши само според канони, што во овој случај значи - со учество на Српската православна црква. За СПЦ и целиот православен свет единствена канонска црква во Северна Македонија е автономната ПОА, предводена од архиепископот Јован (Вранишковски)“, пишуваат Новости.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе