Ова е ексклузивното издание на овој модел за 2022 година.
Dacia тргнува во новата година со специјална верзија на својот теренец. Исто како и верзијата Prestige, по која е моделиран, Duster Extreme може да се пофали со ексклузивен изглед и богата опрема.
Надворешниот дизајн е проткаен со портокалови детали на предната решетка, куќиштата на ретровизорите, багажниците на покривот како и на задната врата, а го красат ексклузивни црни алуминиумски фелни.
Портокаловите детали доминираат и во внатрешноста - навлаките на седиштата од ткаенина се дополнително истакнати со портокалови шевови, додека отворите за вентилација, централниот потпирач за раце, облогата на вратата и основата на централната конзола се украсени со портокалови детали.
Duster Extreme ги вклучува сите стандардни карактеристики на верзијата Prestige (вклучувајќи автоматска климатизација, мултимедијален систем Media Nav Evolution со 8-инчен екран на допир, подигната централна конзола со две дополнителни USB порти за патниците на задните седишта) и повеќе - достапен е со картичка за отклучување на возилото без клуч и систем камери за приказ од повеќе агли.
Овој модел е достапен во шест бои на каросеријата, вклучувајќи ја и ексклузивната Urban Grey нијанса.
Цената на специјалната верзија на Duster Extreme, опремена со бензински и плински мотор ECO-G 100, започнува од 17.790 евра.